Замислете како излегувате на вечера со љубовта на вашиот живот и со вашето преубаво, насмеано, тригодишно дете. Поводот е двоен: вашиот роденден и крајот на тешкото опоравување на вашето дете од тешката операција на срце.Потоа додека ја минувате улицата држејќи се со саканата за рака и лулајќи го малото во воздух, си мислите: „Ова е смислата на се“.
Знаете дека е тоа еден од најубавите денови во вашиот живот.
За Мајкл Мортон, тој ден беше 12 август 1986 година. Само што наполни 32 години. Следниот ден се му беше одземено. Сонот стана кошмар.
Кристина, неговата жена, била нападната и убиена во нивниот дом во областа Вилијамсон, во Тексас, на самиот излез од Остин. Мајл Мортон во тоа време бил на работа. Сепак, властите се посомневале во него.
– Невините луѓе мислат дека ако само ја кажете вистината, тогаш нема од што да се плашите од полицијата, вели сега Нортон. „Ако силно верувате само во тоа дека системот ќе функционира, дека се ќе излезе на виделина, се ќе биде во ред“.
Наместо тоа, Мортон бил обвинет, истргнат од неговиот син и изнесен пред суд. Обвинителот, зборувајќи пред поротата со емоционални термини и со солзи кои течеле по неговото лице, изнесувал сликовито измислено сексуално сценарио, обвинувајќи го Мортон за убиство на неговата жена, затоа што таа одбила да има секс со него за неговиот роденден.
– Не постоеше научен доказ за сето тоа, немаше сведоци, немаше оружје со кое е извршено убиството, немаше уверлив мотив, вели Мортон. „Не гледам како некое рационално умно лице би рекло дека е тоа доволно за донесување пресуда дека некој е виновен“.
Но кога немало други осомничени, поротата го обвинила него. „Сите силно веруваме дека е ова праведно за Кристина и дека правиме исправна работа, вели Марк Ландрам, кој бил претседател на поротата.
Мортон поминал скоро 25 години во затвор.
Го гледал неговиот син Ерик само два пати во годината. „Сакав да го гледам, бев фасциниран од секое негово движење“, вели Мортон. Но Ерик „се повеќе се оддалечуваше“ вели Мортон. „Ми стана се помалку близок“.
Као тинејџер, Ерик не се сеќава на татко му надвор од затворот. Писмата кои му ги пишувал татко му биле само „прозорец во животот кој никогаш не се случил“, вели тој. Неговиот татко „едвај постоеше во мојот живот. Не се сеќавав воопшто на него надвор од посетите во затворот“.
Ерик одлучил да престане да го посетува. „Мислам дека ми беше срам да помислам дека треба да доаѓам во затворот за да го посетам татко ми“.
Мајкл Мортон му напишал на син му дека треба да дојде и да му го каже тоа во лице. Тој го сторил тоа.
– Тоа беше уште едно од оние глупави, болни работи, вели Мортон. „Само гледав во мојата балдаза и реков нешто како `грижи се за мојот син`“.
Ерик исто го сменил презимето и го зел на роднините кои го одгледале.
Судењето не изнесе клучни докази
Пред неколку години, една група адвокати-бранители, кои работеле бесплатно во корист на Мортон, успеале да ја изнесат вистината на виделина. Не само што Мортон бил невин, туку и обвинителот, Кен Андерсон, бил обвинет за криење на клучните докази. Малото момче Ерик бил сведок на нападот и им рекол на роднините кои го чувале дека татко му не бил дома во тоа време. Тој го опишал човекот кој го сторил злосторството. И соседите опишале човек кој паркирал зелено комбе зад куќата на Мортон и влегол во дворот низ дрвјата. Во близина била пронајдена крвава шамија. Ниту еден од тие докази не биле изнесени на судењето.
Биле потребни години битка, но бранителите на Мортон конечно дошле до шамијата за да ја тестираат за ДНК. На неа имало крв и коса од Кристина, и ДНК од друг човек – обвинетиот маж по име Марк Норвуд.
Норвуд ја убил Кристина Мортон. И затоа што никој не го дознал тоа по нејзината смрт, тој останал на слобода. Тој убил и друга жена во областа Остин, Дебра Бејкер, во слични околности и помалку од две години подоцна, велат бранителите. Норвуд сега е обвинет за убиството на Кристина Мортон, и осомничен за убиството на Бејкер.
Мортон беше ослободен во октомври 2011 година. Тој сега има 57 години. „Фала му на Бога што од ова не излезе голем случај“, вели тој.
Но, приказната на Мортон, која е раскажана во документарниот филм „Нереален сон“ на Си-Ен-Ен, фрла свелина на погрешните обвинувања во САД. Повеќе од 2.000 погрешно осудени луѓе помеѓу 1989 и 2012 година биле рехабилитирани, стои во собраните податоци од Правната школа при Универзитетот на Мичиген.
Но случајот на Мортон постави нова основа кој може да влијае врз случаите низ целата земја. Минатиот месец, на Андерсон – обвинителот на Мортон кој во 2011 година стана судија – му беше одбиена жалбата како невин за криминално дело со намерното неизнесување на докази.
Казната за Андерсон е смешна во однос на искусвото на Мортон. Поранешниот обвинител се повлекол од неговата позиција како судија и се согласил на десет дена затвор. Но отслужил пет дена, според законот во Тексас заради добро поведение зад решетки.
Тој исто се согласил на казна од 500 долари, 500 часа општествена работа, и губење на неговата лиценца како правник, велат од проектот Иносенс, правна институција поврзана со Правната школа Кардозо при Универзитетот Јешива.
Ова е „екстремно редок случај, и можеби првпат, некој обвинител да биде казнет заради криминал затоа што не успеал да изнесе ослободителни докази“, велат од проектот Иносенс.
„Историскиот преседан демонстрира дека кога судија ќе задолжи обвинител да истражи во неговот случај и да обзнани ослободителни докази, намерното прикривање да го стори тоа е казниво и заради самиот обид“, вели Бери Шек, кодиректор на проектот. Оваа организација работи со тексашката Асоцијација на адвокатите бранители при криминални дејствија, а асоцијацијата и проектот Иносенс во Тексас се координирале во извештајот по случајот на Андерсон.
Во меѓувреме, Андерсон се уште јавно не се изјаснил дека сторил нешто погрешно. Пред судот тој рекол дека не се сеќава на детали од случајот, и дека тој и неговото семејство се погрешно обвинети заради сето ова.
– Се извинувам затоа што системот погрешил. Се измачувам да се присетам околу тоа што сум сторил погрешно и се уште не знам, рече тој, признавајќи ја „болката“ на Мортон. Мортон го замолил судијата „да стори се што треба да се стори, но истовремено да биде милозлив кон судијата Андерсон“.
Во подготвената изјава пред зградата на судот, Андерсон повторил дека сакал „формално да му се извини на Мортон заради грешките на системот, и на секој друг кој бил погоден од пресудата“.
Си-Ен-Ен остави гласовна порака на телефонската секретарка на семејството Андерсон во Тексас, но не доби одговор.
Мортон сега работи на програми за помош на други невини луѓе кои се зад решетки. На почетокот на годинава, гувернерот на Тексас, Рик Пери, го стави Случајот Мајкл Мортон во закон, со кој се бара од обвинителите да им ги предадат сите докази на барање на одбраната во криминални случаи, без потреба од посебна судска наредба за тоа.
Овој закон ќе го направи државниот криминален правен систем “пофер и ќе помогне за спречување на донесување на погрешни пресуди“, рече Пери.
„Животот го затвори својот круг“
– Други луѓе се далеку полути отколку што сум јас, вели Мортон. Ослободувањето од обвиненија е многу, многу добро, но е нешто што самиот го дознав… Сега тоа не е ништо ново за мене“.
Тој во затворот имал религиозно просветлување, и заслугата за новиот внатрешен мир ја припишал на сознанието дека „Бог ме сака“.
Сега е поблизок со син му – и со неговата балдаза и внука, која го носи името на Кристина. „Никогаш не сум видел посовршено дете“, вели Мортон. „Животот го затвори својот круг“, рече неговиот син Ерик. „И го сакам татко ми“.
– Сопнувањата во животот, филозофските парадокси, метафизичките проблеми – сега мислам дека ги разбирам, рече со насмевка Мајкл Мортон. „Го разбирам страдањето и нефер односот. И не можам да замислам никако поинаку да ги прифатам, затоа што сум искусен во сето тоа“.Потоа додека ја минувате улицата држејќи се со саканата за рака и лулајќи го малото во воздух, си мислите: „Ова е смислата на се“.



