Трогателно сведоштво: Последната слика што ми стои пре д очите е Калина и тројцата планинари како одат кон врвот

Loading...

„Имаше силен ветер, не се слушаше ништо, а поради маглата, имаше многу слаба видливост. Групата планинари на 100 метри пред врвот, по наредбата за враќање назад, се упатија кон ски-лифтот. Последната слика што ми остана пред очите е како Калина со уште тројца планинари се упатува кон врвот на Кајмакчалан. Сè би дала да го вратам времето и да ѝ се развикам на Калина да не продолжува до врвот! Да се врати со нас! Таа нè чуваше на крајот од колоната, по цел пат предлагаше да се вратиме, но на крајот ненадејно одлучи да ги изоди последните кобни 100 метри до врвот“, сведочи Мирјана Календаровска, која беше дел од групата планинари кои со планинарското друштво „Трансверзалец“ на 10 и 11 февруари годинава заминаа во Грција, каде што се искачуваа на врвот на Кајмакчалан. За двајца од групата, оваа навидум рекреативна прошетка, заврши кобно. Калина Велевска и Александар Миновски, двајцата искусни планинари и вљубеници во природата, под неразјаснети околности се изгубија на планината, а по повеќечасовна потрага, беа пронајдени мртви и извлечени од тешко пристапниот терен.
По молкот на учесниците на турата по трагедијата што се случи, Календаровска е првата што одлучи јавно да проговори за сите стравови, предизвици и опасности со кои се соочиле планинарите што тој викенд беа на Ниџе.
Таа вели дека по подолга пауза, поради нејзината работа на брод, за време на престојот дома, одлучила со својата 19-годишна ќерка да оди на некоја не толку напорна тура за планинарење, во која, меѓу другото, друштвото нудело и релаксација во бањите во Лутраки.
„Да, бев со ќерка ми на Кајмакчалан. Калина одеше со нас при крајот на групата, ги гледавме последните тројца 10 метри зад нас дали се приближуваат. Калина ги довикуваше на секои 5 минути да побрзаат бидејќи сите ја следевме колоната нагоре. Имаше магла, слаба видливост, силен ветер со снег, кои боцкаа по лицето. Цело време си повторувавме – а да се вратиме или да ги стигнеме нагоре бидејќи веќе и за враќање надолу не се гледаше. На 100-ина метри од врвот бевме среќни дека целата група се враќа назад со првите што стигнаа на врвот заедно со Зоки Москито, кој веднаш викна по нас: „Готово, толку, нема да се оди на врвот, страшно е, исто вака изгледа, ајде назад сите!“, вели Мирјана за Макфакс
Иако времето било ризично и се соочувале со голем студ и врнежи од снег, таа признава дека на моменти ѝ било криво што била толку блуску, а за само 100 метри искачување не успеала да го види врвот.
„Погледнав нагоре. Ја видов Калина како се договара нешто со уште тројца планинари – веројатно тоа беа Дени и Благоја, кои се вратија, и Александар, кој не се врати, за жал. Во моментот искрено си помислив – ете, тие може, а ние не можеме нагоре и си реков, ајде со ќерка ми Клара сум, да не си играм, да се вратам. Не знам дали Москито ги виде бидејќи тој на сите ни се обрати да се вратиме назад“, раскажува Мирјана.
Условите за искачување на планината дента биле исклучително лоши. Имало силен ветер, не се слушало ништо, маглата буквално обвила сè.
„Ние се упативме надолу, а последна слика пред очите што ми остана е како Калина со уште тројца планинари се упатува кон врвот. Едвај стигнавме до долу кај ски-центарот. Тогаш забележав дека Зоки Москито, водичот од ’Трансверзалец’, го нема и си помислив дека се вратил по нив кон врвот за да ги пречека. Објавив три слики на ’Фејсбук’ по симнувањето и од тогаш во 13.23 часот постојано мислев кога ќе се појават на вратата. Помина повеќе од еден час, почнав на другите од групата да им викам – дечки, ги нема Калина и Москито, ајде да пријавиме. Другите се согласија, но тогаш влезе Москито сиот воден и премрзнат и запраша: Каде е Калина? Се вратија ли?“, раскажува Мирјана.
Од тој момент започнала потрагата, пријавувањето на исчезнатите планинари… Следувала долга и мачна ноќ.
Мирјана планинари веќе седум години. Ова ѝ било прво искуство за планинарење со друштвото „Трансверзалец“. Од групата не познавала никого, освен Калина, која ја знаела само од социјалната мрежа „Фејсбук“.
Но, според Мирјана, уште од стартот на турата кај неа се вгнездил некој немир. „Уште пред да тргнеме ја проверував временската прогноза, но никој не не предупреди дека може да има невреме и каква опрема да носиме. Јас сепак зедов дерези и целосна опрема за на планина, оти искуството ми вели дека без тоа не треба никаде да се оди. А толку малку некогаш треба – една алуминиумска фолија некогаш може да помогне многу, верувам да имале сосебе Калина и Александра можела и животот да им го спаси“, вели Календаровска.
Таа укажува дека дел од учесниците во турата биле несоодветно облечени и немале опрема з атакви временски услови. За неа грешката е направена уште во почетокот, кога воопшто била донесена одлуката за групата да тргне нагоре при такви ризични услови. „Потоа од грешка во грешка се влегуваше. Ситуацијата на крај дојде до моментот – спасувај се кој може“, се присетува Мирјана.
„ Јас се зачудив уште на стартот што тргнавме кон врвот, кога врнеше толку силен снег. Доста луѓе од групата не беа ни облечени со комплетна опрема за зимско планинарење. Искрено беа како за на прошетка на Водно, ама си помислив – ајде организаторот најдобро знае, тројца водичи има, јас да не се мешам“, сведочи нашата соговорничка
Веднаш по несреќата меѓу планинарите и на социјалните мрежи се рашири верзија дека наводно мајка и ќерка од групата останале „заробени“ во црквата на врвот на планината и дека Калина и Александар всушност затоа и тргнале кон врвот – за да ги спасат.
Но, Мирјана вели дека тоа не е точно, од едноставна причина што таа сиот пат го одела заедно со Калина, а некаде на 100 метри пред врвот заедно со ќерката се вратиле надолу.
Се движевме некако до куќарката кај ски-лифтот, по вијулици снег и магла. Јас заостанував, бидејќи на ќерка ми и се нови чевлите, па потешко и беше искачувањето. Дополнително беше тоа што досега не планинарела во вакви услови. Калина одеше со нас како трет водич на крај од групата. Се зачудив кога се одлучи со уште тројца планинари да продолжи кон врвот. Двајца од нив се вратија, а Калина и Александар едноставно ги снемало во маглата…“, додава таа.
Според сведочењето на Календаровска, која своја изјава за случувањата даде и пред Федерацијата на планинарски спортови која што изготви извештај за трагедијата на Кајмакчалан, екипите од ски-центарот со ратраци трагале по исчезнатите.
„И ѕвоневме на Калина на телефонот и во 16 часот добија сигнал. Калина одговори на телефон дека се горе засолнети во карпа. Од тој момент до вечерта до 19 часот екипите ги бараа, незнам кога стигнаа до нив можеби вечерта, а тоа се веќе девет часа како биле надвор на студот. Потоа никој веќе не одговараше на телефон, ниту водичот што беше со спасителите.Веројатно беше регистрирана нивната смрт и изутрината ги извлекоа нивните тела. Јавија дека се починати“, вели Мирјана. Таа е децидна дека Калина немала радио станица со себе, бидејќи тие пешачеле заедно час и половина и за тоа време никој ниту ја побарал, ниту Калина употребила радио-станица за да контактира со другите во групата.
„Имаше многу грешки, но и планината е непредвидлива. Една недела по несреќата јас се уште неможам да се помирам што никој не успеа да ги спаси Калина и Александар“, вели Мирјана, сведок на случувањата на планината Кајмакчалан, која зеде два млади животи.Последната слика што ми остана пред очите е како Калина со уште тројца планинари се упатува кон врвот на Кајмакчалан. Сè би дала да го

loading...
Loading...