Тројца професори добитници на Нобеловата награда за хемија

Добитници на Нобеловата награда за хемија за оваа година се професорите Мартин Карплус, Мајкл Левит и Ариех Варшел за нивниот труд за развојот на модели на комплексни хемиски системи.Како што соопшти Институтот „Каролинска“ од Стокхолм, нивната работа послужила како основа за моќните софтверски програми, кои се користат за да ги објаснат и предвидат комплицираните хемиски процеси.
– Некогаш хемичарите правеле модели на молекули од стапчиња и пластични топки, а сега моделите се прават на компјутерите. Во 70-тите години Карплус, Левит и Варшел ја поставија основата за моќните програми кои денес ги користиме. Компјутерските модели кои совршено го прикажуваат животот имале клучна улога во повеќето денешни откритија кои претставуваат напредок во областа на хемијата, се наведува во образложението на наградата.
Тројцата професори успеале да ги поместат границите и да овозможат класичната механика (Њутновата физика) да функционира истовремено со фундаментално поинаквата квантна физика.
– Го земале најдоброто од двата света. Компјутерот сега е важен за хемичарите, како и епруветата. Хемиските реакции се одвиваат со брзина на светлината, во дел од милисекунда електроните „скокаат“ од едно на друго јадро. Со помош на методите кои сега се наградени со Нобелова награда, научниците можат да им помогнат на комјутерите целосно да ги разоткријат процесите, се додава во образложението.Како што соопшти Институтот „Каролинска“ од Стокхолм, нивната работа послужила како основа за моќните софт

Пронајдете не на следниве мрежи: