Еден навивач на фудбалската репрезентација на Албанија, успеал во намерата да внесе пиротехнички факел на стадионот во Марсеј, откако истиот го сокрил во аналниот отвор, пренесоа француските медиуми.Францускиот сајт Metronews.fr, откри дека еден 18-годишен Французин со албанско потекло успеал да внесе пиротехнички факел во фан-зоната во Марсеј за време на вториот натпревар од второто коло во групата А.
Истиот медиум потенцира дека на стадионот и околу него имало големо обезбедување, но овој Албанец успеал да го сокрие факелот во гаќите или поточно во аналниот отвор. Само за информација, пиротехничкиот факел бил долг 18 см и широк 4 см.
Албанецот го запалил факелот, но потоа настанал вистински хаос на трибините затоа што повредил неколку лица. Веднаш по брзата интервенција на полицијата, Албанецот бил уапсен и предаден на тужителите во Марсеј.
Инаку, дуелот помеѓу селекциите на Франција и Албанија заврши со среќен триумф на „Галските петли“ од 2:0.Францускиот сајт