Трпески: На 11 декември ќе победи ВМРО ДПМНЕ

Од Тетово во рамки на средбите со граѓани кои високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ ги остваруваат низ Македонија, Славе Трпески со тетовци порача дека доаѓа крајот на кризата на политичката криза која што ја предизвика СДСМ.-Граѓаните на градот Тетово сакаат проекти, сакаат реформи, сакаат нови работни места, а не празна и гола политика. Владата на ВМРО ДПМНЕ, значи Владата на Република Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ изминативе десет години го докажа тоа. Во изминативе десет години се реализираа преку 3.500 проекти од сите области на социоекономскиот живот, се направија реформи во финансиите, се направија реформи во економијата, се направија реформи во транспорт и врски, во социјалата, во земјоделието. Не случајно во текот на вчерашниот ден Република Македонија беше рангирана на десеттото место во светот по правење на бизнис. Огромна посветеност имаше на владините министри за привлекување на странски инвестиции, Владата на Република Македонија отвори повеќе од 14 економски зони, се со цел да се привлечат странските инвестиции, се со цел да се отворат нови работни места. Да се потсетиме само, во текот на 2006 година, Република Македонија имаше повеќе од 38 проценти невработеност, за оваа година да имаме само 24 проценти. Секако се работи и понатаму за овој процент што е уште висок, да се смали повеќе, порача Трпески.
Додека дека тука во Тетово во 2006 година имало повеќе од 27.000 невработени, а денеска таа бројка е веќе намалена за 9.000.
-Значи имаме уште 18.000 невработени. Во економската зона во Тетово започна со работа една голема американска компанија, тоа е Леар. Во моментот има вработено повеќе од 500 вработени во истата. Во најава е истата да инвестира околу 15 милиони евра и околу 2,500 илјади вработени. Секако, реформи се правеа како што напоменав во сите сегменти во животот. На пример во катастарот, комплетно се дигитализира, во Катастарот сите процеси се одвиваат дигитално, се поврзаа сите нотари, сите геодетски компании, сите проценители, сите извршители, сите општини, сите министерства, сите органи на државната управа, така да граѓаните кога доаѓаат кај нотар, во општина или кај извршител, не доаѓаат веќе во Катастарот туку по електронски пат си ја завршуваат својата работа. Исто така Катастарот воведе и можност граѓаните од дома преку електронската продавница во текот на 24 часа во текот на денот или 365 дена во годината да обезбедат имотен лист, да обезбедат копија од план, да обезбедат сервиси, и други производи со што Катастарот стана достапен на граѓаните. На 11 декември оваа година ќе има избори. На 11 декември ќе победи ВМРО ДПМНЕ. На 11 декември ќе победат проектите идеите и реализацијата на истите, изјави Славе Трпески од ВМРО ДПМНЕ, заклучи тој.-Граѓаните на градот Тетово сакаат проекти, сакаат реформи, сакаат нови работни места, а не празна и гола политика. Владата на ВМРО ДПМНЕ, значи Вл

Пронајдете не на следниве мрежи: