Агенцијата за катастар на недвижности продолжува со подобрување на регулативата за побрзи, поедноставни и поевтини услугите за граѓаните и бизнис секторот.Како што информира денеска директорот Славче Трпески на Отворените денови за компаниите од Скопје организирани во рамки на „Технома 2016“, донесени се дополнувањата на правилниците за премер на недвижности, за геодетски работи за посебни намени и за одржување на Катастарот на недвижностите.
– Гаражните места со отворена површина кои се наоѓаат надвор од затворениот гаражен простор во обејктот, може да се предбележуваат во листот за предбележување на градба, а по изградбата ќе може да бидат и предмет на премер и нивно запишување во Катастарот на недвижности ако основното одобрение за градење е издадено пред 29 август годинава кога стапија во сила измените на Правилникот за премер на недвижности, изјави Трпески.
Според него, со оваа мерка се надминува проблемот што го имаа инвеститорите за сите објекти за кои добиле одобрение за градба пред воведувањето на новините во Законот за градежното земјиште, односно задолжителноста при продавање стан да се продава и дел од земјиштето кое ќе биде во заедничка сопственост.
Покрај ова подобрување на регулативата, додаде директорот, со дополнувањето на правилниците се воведе уште една новина – можноста за анекс на геодетскиот елаборат со кој ќе се корегираат атрибутните податоци. Анексот ќе ги содржи исправените податоци, а во технички извештај ќе се наведуваат причините за исправката.
– Со ова се забрзува постапката за запишување на објектите во Катастарот, напомена Трпески.
Агенцијата за катастар организира Отворени денови веќе девет години, но за граѓаните. Сега првпат, во соработка со Сојузот на стопански комори (ССК), го вклучува и бизнис секторот како посебен таргет со цел заедничко детектирање на проблемите на компаниите.
– Ова е можност на лице место компаниите директно да зборуваат за своите тековни проблеми пред Агенцијата за катастар која, пак, изворно ќе слушне со што тие се соочуваат и ќе биде поблиску до нив, нагласи оперативниот директор во ССК Александар Зарков.
Проблемите со кои се соочуваат компаниите од аспект на катастарот се различни.
– Ако се воочи некој проблем што таргетира одреден сектор, настапуваме секторски и директно комуницираме со Агенцијата. Врз основа на тоа се формираат соодветни комисии кои заеднички дискутираат за изнаоѓање најсоодветно решение, истакна Зарков, изразувајќи задоволство од досегашната соработка со Катастарот.
Следната недела, како што најави директорот Трпески, Отворени денови за компаниите ќе има во Прилеп и во Битола. До фервуари идната година предвидено е да бидат посетени сите градови низ Македонија.Како што информира денеска директорот Славче Трпески на Отворените денови за компаниите од Скопје организирани во рамки на „Технома 2016&ldqu