Кристи Рифкин работела во кориснични центар на Т-мобиле во САД. Таму работела четири години и била задоволна од својата работа. Но откако останала трудна се се променило.
Докоторите и советувале да пие многу вода, па поради тоа морала често да оди во тоалет. А таа на работното место имала пауза два пати по 15 минути и една поголема пауза од 1 час.
Во една прилика менанџерот и побарал потврда од лекар со објаснување зошто толку често мора да оди во тоалет.
Па таа вели- тука целосно ги загубив нервите, па тоа е обична биолошка потреба.
Сепак таа ја донела потврдата, а подоцна требало и секој пат кога оди во тоалет да се најавува, за да се запишува колку време отсуствувала од работа поради честите посети на тоалетот.
Потоа отишла на боледување, откако се вратила веднаш добила отказ.
Добив отказ затоа што на еден корисник случајно му вклучив погрешна услуга што чинаше само 12 центи. Тоа е тотална глупост и секому може да му се случи. Само бараа причина да се решат од мене.- тврди Кристи.
Т-мобиле не сакаат да го коментираат случајот, само велат дека нивните работници имаат најдобри услови за работа во САД.Кристи Рифкин работела во кориснични центар на Т-мобиле во САД. Таму работела четири години и била задоволна од својат