Бремените мајки постојано предупредуваат на замор, стрии и вишок килограми, но никој не кажува какви промени и се случуваат на вагината.Доаѓањето на бебето е време за големи промени, и физички и психички, па ни вагината не е изоставена од нив. Но, добрата вест е што сите овие промени се краткорочни, и можно е да се вратат повеќето промени во првобитната состојба.
Опуштање на вагината: Вагината е прилично еластична, и може да се рашири 10 центиметри, за низ неа да помине главата на бебето. Меѓутоа, секако се препорачува да се прават вежби за зајакнување на дното на карлицата за побрзо и полесно да се врати во форма по породувањето.
Докажано е дека редовното правење на вежби за дното на карлицата не само што го намалува ризикот за уринарна инконтиненција во текот на бременоста, туку и значително помага вагината побрзо да се врати во состојбата во која што била пред бременоста, вели Елис Даунс, гинеколог и акушер, додавајќи дека мајките не треба да се грижат, бидејќи кај 40 проценти од жените недела до две по породувањето се јавува делумна инконтиненија, односно им „побегнува“ малку мокрача кога ќе кивнат или кога ќе се насмевнат. Но, со редовни вежби, тоа нема да биде проблем.
Пролапс: Околу 10 отсто од родилките искусуваат пролапс, односно ситуација кога еден или повеќе органи на карлицата (вклучувајќи ги матката, бешиката или ректумот) се спуштаат до вагината. Тоа резултира со чувство на тежина околу вагината, но и забележлилва промена на обликот во тој дел. Во тој случај, најдобро решение се вежбите за јакнење на дното на карлицата.
Болни односи: По породувањето се намалува нивото на естроген во телото, што предизвикува вагинална сувост. Заради тоа, голем број на жени имаат голем проблем со сексот по породувањето. Затоа, ако планирате секс, препорачливо е да користите колку што можете повеќе лубрикант. Освен тоа, ако мускулите на вагината ви се опуштени, пробајт ја позата каде жената е горе, или мисионерска поза со споени нозе, за пенетрацијата да биде подлабока.Доаѓањето на бебето е време за големи промени, и физички и психички, па ни вагина