Соросовите медиуми и платеници не престануваат да ја дефокусираат јавноста од убиствениот потег на Зоран Заев да ја профати албанската платформа и да ја прдаде Македонија само за да дојде на власт. Тие се највтеа на емотивниот статус на актерот Владо Јовановски, кој предупреди колку е погубна за Македонија алчноста на Заев.Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот текст од Фејсбук статусот.
-Во јавноста постои редица на сдсмовски и соросови платеници кои се најгласни тогаш кога некој ќе ја допре суштината, па макар тоа било и на најреален начин разголувајќи ја вистината. Токму тој трулеж е истото диво месо кое се закачува околу тој соопштувач на вистината сакајќи го да го дисциплинира онака “најдемократски”, но во основа поразително диктаторски, покривајќи го сопствениот срам и беда. Па така стамениот глумец, Владо Јовановки, кој е врвно актерско име и чиј талент е безвременски, човек кој за оваа држава оставил бројни дела достојни за почит, беше предмет на напади, само затоа што испрати патриотска порака и несогласување со актуелната политичка состојба. Јовановски кој слободно може да се каже дека е патриот достоен за почит напиша дека не може да се согласи со раскрчмувањето и поигрувањето со македонските интереси и идентитет, и дека Фауст од Муртино, симболично мислејќи на Заев, нема мандат од македонците да разговара и преговара за двојазиност која може да доведе до федералност, бидејќи на овие простори има горд народ, кој има свој јазик и држава и дека тоа не би поминало така лесно, како што замислува сценаристот и неминовно би довело до војна.
Ваквиот негов став беше причина за колективна распаљотка на трулежот платен од СДСМ и СОРОС, што отидоа до таа мера човек по таквите коментари да се засрами што вооошто искажал патриотски став. Тоа е всушност целта на таквите кастрирани умови, да го откажат човекот од патриотизам.
Ненавлегувајќи во ситната боранија крекачи чија задача е секојдневно штабски да шират незадоволство, со став излезе глумецот Марин Бабиќ, кој јавно се закани дека Јовановски ќе останел без работа, а во суштина гревот е зошто овој бил патриот, па непропушти да додаде дека Бабиќ бил напатена жртва од режимот. Тој во неговото беседење за загубите од режимот поплака дека доказ за тоа било што снимил реклама за српска агенција која пак му ја откажале, затоа што некоја телевизија одбила да го емитува неговиот глас. Бабиќ побрза да искоментира дека тоа е резултат на режимскиот систем кој постои. Во ред, но пријателе си помислил ли воопшто дали те бива? Да не случајно те откачиле србите затоа што твојот глас им се чинел како звук на предратен швалер чие време одамна поминало. Втора работа околу која пател Марин Бабиќ било тоа што го откачиле од Радиото Слободна Македонија. Да не беше овој негов статус немаше воопшто да се знае дека Бабиќ имал своја емисија, но сеедно, добро друже дали си помилил дека те откачиле бидејќи твојот рејтинг бил понизок од оној на хармоникашот Кекеновски. Која вредност и која величина си ти?
Вториот засегнат беше глумецот Тасевски,кој исто така напиша статус против Јовановски. Тасевски своевремено имаше обид како комичар и писател. Од досега виденото се гледа зошто пропадна, па поочаен комичар од него се единствено оние од Хихурику.Со став излезе и Драган Спасов-Дац демек му било жал што Јовановски се довел во ситуација да одработува. Каква замена на тези. Тасевски и Дац кои секој месец добиваат и тоа причлично висока плата за неработење, десетици како нив соросови паразити се на чешмата на СОРОС и тие се првите кои говорат за режим и диктатура, тие не се платеници, платен бил Јовановски кој е еден од најплодните актерски имиња.
Никаде во светот нема да најдете да добива некој плата за неработа. Е, во Македонија тоа е случај и најчесто тие се најглавните во критиките за тоа каков режим постоел. Во оваа група спаѓаат и Александар Поповски и Унковски кои си добиваа државни пари за проекти, но, тоа не е диктатура, се останато е режим во моментот кога нема да им се допадне.
Значи не е проблем тоа што Дац, Тасевски, Унковски и Поповски го ждерат државниот буџет во ова време режимско за работи за кои е вложено малку труд, но е проблем кога некој кој не се согласува со нив ќе заработи нешто, било што. Тој е бранител на режимот, а соросовиот трулеж бил жртва.
И тука се добива чувството како секоја будала за секој свој неуспех во животот ќе се самопрогласи за жртва на режим без да си го стави прстот на глава дали вооопшто го бивало. Или во прво лице би изгледало вака: Бабиќ на пример чекај бе дали ме бивало за рекламата која ја снимив, Тасевски дали ме бива за комичар, Дац и Ристиќ чекај бе пријателе до кога ќе земам пари од театар за неработење….
Ова е истиот трулеж кој се труди да го натера македонецот да се срами што е македонец, истиот трулеж кој го готви теренот на Заев да го прифати она за што Владо Јовановски смета дека ќе има војна, а тоа губење на Македонија.Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот текст од Фејсбук статусот.
-Во јавноста постои редица на сдсмовски и соросови платеници кои с