Австралискиот модел Ејми Пејковиќ открила дека нејзиниот олимписки сон бил уништен кога дознала дека има тумор на мозокот на свои 19 години.Професионалната скокачка во височина морала да биде оперирана, а за среќа докторите тоа го направиле успешно.
– Кога дознав, само седев и збор на кажав 10 минути. Гледав во мојата мајка како разговара со докторите, раскажала Ејми.
Таа се присетила како ја облеала ладна пот кога на снимката на нејзината глава докторите ѝ покажале голема темна дамка.
Тoкму во тој период таа се спремала за настап на Олимписките игри, а истовремено работела и како фото модел.
– Никогаш не сум била така скршена како тогаш. Но, сепак не се предадов, додала таа.
Тогаш почнала нејзината борба, а во заздравувањето минала напорни тренинзи за да се врати во топ форма затоа што по операцијата изгубила 10 килограми и била преслаба.
– Се сеќавам дека едвај стоев на нозе кога излегував од болница.
Нејзиниот труд на крајот се исплател. Најважно од сѐ, Ејми сега е здрава и се надева дека ќе ја претставува Австралија на Олимписките игри во Токио во 2020 година. Сега работи како модел, и тоа многу успешно и ги краси насловните страни на многу магазини.Професионалната скокачка во височина морала да биде оперирана, а за среќа докторите тоа го направиле успешно.
– Кога дознав, само сед