Турција изрази ЖАЛЕЊЕ за нападот на рускиот авион!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази денеска жалење поради рушењето на рускиот авион и порача дека Турција би сакала никогаш тоа да не се случило.Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази денеска жалење поради рушењето на рускиот авион и порача дека Турција би сакала никогаш тоа да не се случило.
Во обраќањето на своите поддржувачи, Ердоган повторно го одбрани делувањето на Турција и ја критикуваше Русија поради нејзината акција во Сирија, пред да го изнесе своето жалење поради нападот на авионот.
„Ние би сакале никогаш тоа да не се случеше, но се случи. Се надевам дека нешто како ова, никогаш нема да се случи“, рече Ердоган.
Турскиот претседател кажа дека двете страни би требало да го надминат овој проблем на позитивен начин, пренесе АП.
Тој истакна дека состанокот во Париз би можел да биде прилика за надминување на тензиите и ја повтори поканата за средба со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Конференцијата за климатски промени, кој во понеделник почнува во француската престолнина.Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази денеска жалење поради рушењето на рускиот авион и порача дека Турција би сакала никогаш тоа да не се

Пронајдете не на следниве мрежи: