Турција: Можеме да ја окупираме Русија за 7 дена!

Во случај да избие војна, Турција може да ја окупира Русија за една седмица – тврди турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пренесува германскиот медиум AWD News.Односите помеѓу Русија и Турција сѐ уште се затегнати по соборувањето на рускиот авион СУ-24 од страна на турската војска. Иако беше докажано дека рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор, оваа земја и понатаму се обидува да ја провоцира Руската Федерација со секакви изјави.
Министерот вели дека военото сценарио може да биде сериозно сфатено од Анкара, само во случај кога ќе пропадне дипломатското решение.
Чавушоглу потенцираше дека Турција сѐ уште е подготвена на примирје со Русија и се надева дека земјата ќе стави крај на антитурската политика и многубројните санкции.
Истовремено, Чавушоглу порача и дека „трпението на Турција има граници”.
„По соборувањето на СУ- 24, Русија прави сѐ што е можно да ја понижи Турција. Нашите министри се однесуваат како искусни и зрели политичари, но нашето трпение има одредени граници. Соочени со агресивните акции на Русија, ние нема да покажеме ниту страв , ниту каење. Покрај тоа, ние веруваме дека ако односите меѓу двете земји не можат да се вратат во нормала со дипломатски средства, ние можеме целосно да ја окупираме Русија во помалку од 7 дена со помош на нашите регионални сојузници и НАТО.“ – изјави Чавушоглу.
Инаку, германскиот весник пишува и дека изјавите на турскиот министер за надворешни работи се поткрепени со цврсти факти. Судејќи според опремата во согласност со стандардите на НАТО, турската армија е посилна од армијата на Русија. Во Турција постои и нуклеарно оружје кое им припаѓа на САД, а кое Турците го добија како дел од програмата на НАТО.
Од друга страна, најголеми сојузници на Русија се Кина, Индија и Бразил. Така што, ваквите закани треба сериозно да се испитаат со оглед на тоа што избивањето на можна војна не би им одела во прилог на земјите на НАТО, не само на воено, туку и сите останати полиња за политичко-економски развој.Односите помеѓу Русија и Турција сѐ уште се затегнати по соборувањето на рускиот авион СУ-24 од страна на турската војска. Иако беше докажано дека

Пронајдете не на следниве мрежи: