Во Турција се осудени тројца мажи, членови на Исламска држава, кои се обвинети за првиот напад во земјата.Тројцата се прогласени за виновни затоа што на 20. март 2014. година, кога биле запрени за патна проверка, застрелале претставник на жандармеријата, полицаец и цивил во Улукошла во округот Нигде, јужна Турција.
Имињата на осудените се Сендрим Рамадани, Бенјамин Хју и Мухамед Закири. И тројцата се странци, но нивната националност не се прецизира.
За делото, тие добија рекордна казна од по неколку доживотни казни, со што нивниот престој во затвор изнесува 477 години.
Овој напад се разгледува од властите токму како првиот крвав терористички акт извршен од Исламска држава на турска територија. Во моментов, Турција е во состојба на зголемена тревога по серијата смртоносни напади во земјата и оваа година.Тројцата се прогласени за виновни затоа што на 20. март 2014. година, кога биле запрени за патна проверка, застрелале претставник на жандармеријата