Турските власти соопштија дека планираат да вработат 20.000 наставници кои треба да ги заменат отпуштените од чистката, што е преземена по неуспешниот обид за пуч во оваа земја, јави Танјуг.Турскиот министер за образование, Исмет Јилмаз, синоќа изјави дека новите наставници ќе ги заменат оние кои работеле во државните, како и во приватните институции, а кои се отпуштени заради наводна поврзаност со Фетула Ѓулен, муслиманскиот верски лидер кого официјална Анкара го обвинува за организатор на обидот за пуч на 15 јули, пренесоа американските медиуми.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека заради наводна поврзаност со Ѓулен затворени се 15 универзитети, 934 училишта и 109 студентски и ученички домови.
Турција прогласи тримесечна вонредна состојба за повторно да ја воспостави безбедноста во земјата по обидот за пуч, што беше спречен од лојалните воени сили и граѓаните.Турскиот министер за образование, Исмет Јилмаз, синоќа изјави дека новите наставници ќе ги заменат оние кои работеле во државните, како и во приват