Турција е подготвена да ја продолжи речиси деветмесечната вонредна состојба, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган победи на референдумот за проширување на претседателските надлежности, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.Потпретседателот на турската Влада Нуретин Џаникли потврди за телевизиајта А Хабер дека за тоа прашање ќе се разговара за денешниот состанок.
Одлуката за продолжување на вонредната состојба, која е воведена по неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, треба да биде донесена на состанок на Советот за безбедност на Турција, кој ќе биде одржан денеска во претседателската палата со почеток во 16:30 часот по Гринич.Потпретседателот на турската Влада Нуретин Џаникли потврди за телевизиајта А Хабер дека за тоа прашање ќе се разговара за денешниот состанок.