Турција ќе престане да ги исполнува обврските што ги презеде со мигрантскиот договор со Европа доколку ЕУ не ги укине визите за Турција до есен, изјави турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу.„Нашиот ангажман за договорот зависи од тоа дали ЕУ ќе го исполни својот дел од тој договор и дали ќе ги укине визите за турските граѓани“ – изјави Чавушоглу.
Тој додаде дека Турција очекува јасно одреден датум, нагласувајќи дека неговите зборови не се закана.
„Договорот функционира само затоа што Турција презеде сериозни мерки да го запре протокот на мигранти, особено на подрачјето на борбата против шверцот на луѓе“ – рече Чавушоглу.„Нашиот ангажман за договорот зависи од тоа дали ЕУ ќе го исполни својот дел од тој договор и дали ќе ги укине визите за турските граѓани&ldq