Претседателката на турската парламентарна делегација во Белгија, Сена Нур Челик изрази разочараност од воздржаноста на ЕУ по неуспешниот обид за преврат на 15 јули во Турција, пренесе ДПА.-По првпат во земја која води преговори за членство во ЕУ, се случува преврат. Очекувавме претставници од ЕУ да дојдат и самите да видат што се случува во Турција, наместо да читаат за тоа во весниците. Сите знаеме каква солидарност покажаа по нападите во Франција. Не сметам дека истото се случи и во овој случај. Тоа е многу разочарувачки, нагласи претставничката на турската владејачка Партија на правдата и развојот.
Челик упати критики и во врска со медиумските шпекулации, дека превратот можеби е инсцениран од владата на Турција за да ја утврди својата власт.
-Тоа е исто како да тврдиш дека 11 септември е внатрешно дело (на САД) или пак, дека терористичките акти во Брисел биле организирани од владата (на Белгија) – додаде Челик.
Пратеничката изрази извесно ретерирање во однос на враќањето на смртната казна во Турција, посочувајќи дека „во тој момент емоциите биле многу силни”, но дообјасни дека моментно тоа прашање не е на дневен ред.
Пратениците од неколку турски партии кои ја сочинуваат делегацијата на парламентарната комисија за надворешни работи разговараа со свои белгиски колеги, со претставници на белгиското Министерство за надворешни работи и со претставници на невладини организации.-По првпат во земја која води преговори за членство во ЕУ, се случува преврат. Очекувавме претставници од ЕУ да дојдат и самите да видат што се слу