Турција влегува во војна со „Исламската држава“

Турција најави дека ќе влезе во коалицијата на држави кои се борат против Исламската држава. Турската армија вчера распоредила тенкови и оклопни транспортери за да ја засили безбедноста на границата кон Сирија, а владата денеска ќе испрати барање до парламентот да одобри воена акција против припадниците на Исламската држава во рамките на антитерористиката кампања на западните и арапските земји под водство на САД.
Турција првично одби да се приклучи на коалицијата додека исламистите држеа како заложници повеќе десетици Турци. Откако беа ослободени, претседателот Реџеп Таип Ердоган најави дека неговата земја ќе се приклучи кон акцијата потенцирајќи дека ставот на Анкара е променет.Турската армија вчера распоредила тенкови и оклопни транспортери за да ја засили безбедноста на границата кон Сирија, а владата денеска ќе испрати

Пронајдете не на следниве мрежи: