Чилим Доган, 28- годишна Турчинка, го убила својот пет години постар сопруг Хасан бидејќи со години ја малтретирал . Оваа мајка предизвикала бурна реакција на социјалните мрежи.Нејзината изјава дека не се кае поради она што го сторила ги запали социјалните мрежи, како и маичката со наптис „Драго минато, ти благодарам за сите лекции. Драга иднино, подготвена сум“, која ја носела на судењето.
Како што изјавила, сопругот ја малтретирал во бракот, и тоа веќе месец дена по венчавката, поради што неколку пати го пријавувала во полиција. Едно утро и рекол да се спакува, бидејќи планира да ја одведе во Анталија каде ќе ја примора на проституција. Кога се побунила, тој ја нападнал.
„Ме удри и ме турна на кревет. Се сетив дека имам пиштол под перницата, го грабнав и пукав во него. Потоа ја зедов ќерката и избегав од куќата“, рекла Чилем.
И пред тој настан сопругот ја тепал и ја терал на проституција, а исто така ја држел затворена во домот месец дена, се додека нејзинта мајка не го открила тоа. Иако сакала да побегне од него, Чилем дознала дка е бремена и затоа решила да остане со него. Хасан продолжил да ја тепа и кога била во болница на породување, како и за време на бременоста ја терал на проституција.
„Дали жените ќе бидат тие кои секогаш ќе умираат. Пуштете и некој маж да умре. Го убив за да ја одбранам својата чест“, рекла Чилем.
Со своите изјави Чилем ги запали социјалните мрежи, а многумина ја нарекле херој и нивна гордост.
Нејзината изјава дека не се кае поради она што го сторила ги запали социјалните мрежи, како и маичката со наптис „Драго минато, ти благодарам



