Turkish Air заинтересиран за авиони од типот А380 и А350

Турската компанија Turkish Airlines е заинтересирана за купување на авиони суперџамбо Airbus A380 и авиони со широк труп A350 под услов производителот да даде добра понуда, изјави претседателот на управата Хамди Топчу за францускиот весник Les Echos.

Turkish Airlines неодамна од Airbus нарача 117 нискотрупни авиони, вклучувајќи  82 нарачки и опција за купување на 35 авиони во перидот 2015 до 2020 година.„Со нарачката ги покривме потребите на компанијата до 2020 година. Што се однесува до периодот после тоа, планираме до крајот на годината да ги финализираме сите планови за набавка. Сепак, и натаму сем заинтересирани  за авиони од типот А380 и А350. Ако Airbus ни даде добра можност, ние ќе ја искористиме и ќе донесеме одлука за неколку дена. Зависи од Airbus “, рече Топчу.Извршниот директор на Airbus, Фабрис Брегие изјави вчера за време на посетата на Турција дека очекува Turkish Airlines на крајот на нарача авиони од типот A380.
Макфакс
Турската компанија Turkish Airlines е заинтересирана за купување на авиони суперџамбо Airbus A

Пронајдете не на следниве мрежи: