Турново ги одреди цените на билетите за мечот со Хајдук

Македонскиот претставник во квалификациите од Лига Европа, Хоризонт Турново ги одреди цените на билетите за натпреварот со Хајдук.
Хоризонт Турново ја мина првата пречка во рамките од Лига Европа, литванска Судува падна, во второто квалификациско коло од Лига Европа нашиот претставник ги одмерува силите со Хајдук, првиот дуел на гостински терен заврши со победа на хрватите со резултат 2-1, што на нашиот претставник му донесува одлична прилика за неизвесен реванш во Скопје.
Турновци веќе ја одредија цената на билетите за реваншот со Хајдук, тие ќе изнесуваат 200 денари за Северна и Јужна Трибина, додека пак билетите за Источна и Западна трибина ќе изнесуваат 100 денари.
Билетите ќе можат да се набават од билетарата пред Националната Арена.
Натпреварот се игра во четврток со почеток од 17,45 часот на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.Македонскиот претставник во квалификациите од Лига Европа, Хоризонт Турново ги одреди цените на билетите за натпреваро

Пронајдете не на следниве мрежи: