Турново машки му се спротистави на Хајдук, РЕВАНШОТ – МОЖНОСТ ЗА СЕНЗАЦИЈА!!!

Екипата на Хоризонт Турново се враќа со минимален пораз од Сплит, каде на гостувањето кај Хајдук одигра 2-1 во рамките од второто квалификациско коло во Лига Европа, па така нашиот претставник ќе има одлична можност да пред својата публика ги реши дилемите околу пласманот во третото квалификациско коло.
Домаќините започнаа одлично со огромна офанзива и обиди кон голот на Хоризонт Турново, па уште во 8-мата минута Бенчун го доведе Хајдук во водство од 1-0.
Турново по офанзивниот приод на игра кој го негуваше тимот на Хајдук ги отвори картите и започна со квалитетни напади кои донесоа фантастични шанси за постигнување на погодок.
При корнер на нашиот претставник, при самиот крај од првиот дел, при игра со рака на напаѓачот на Хајдук, Кусиј, беше досуден пенал а сигурен реализатор беше Дејан Блажевски кој донесе израмнување при самиот крај на мечот.
Во вториот дел Турново покажа повторно одлична игра приредувајќи огромно изненадување за противникот, имаше одлична шанса преку Блажевски во 70-тата минута од мечот но нашиот репрезентативец пласираше непрецизно кон голот на Хајдук.
Во 79-тата минута од мечот Хајдук поведе со 2-1 преку Малуча па со самото тоа ги казни нереализираните шанси на нашиот претставник.
Пенал-ситуација за Маглица во 82-рата минута од мечот, фудбалерот на Хајдук не реализираше, огромна среќа го послужи нашиот тим во овој момент кој можеше да има негатива од 3-1 во овие моменти од натпреварот.
Сепак, конечниот резултат на овој меч гласеше со 2-1, гол во гости е фантастичен чекор за нашиот претставник да направи сензација во Лига Европа.
Ова ќе биде одлична шанса за нашиот претставник да се пласира во третото квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лига Европа. Токму на домашен терен нашиот претставник ќе ја има огромната шанса за овој голем исчекор во клубската историја на Хоризонт Турново.
Реванш дуелот се игра на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје на 25-ти овој месец со почеток од 17-45 часот.
Фото: www.index.hrЕкипата на Хоризонт Турново се враќа со минимален пораз од Сплит, каде на гостувањето кај Хајдук одигра 2-1 во рамките

Пронајдете не на следниве мрежи: