Турново со фантастична шанса за „СЕНЗАЦИЈА“: Ако го мине Хајдук би играл со Дила Гори или Алборг

Македонскиот претставник во Лига Европа, Хоризонт Турново, доколку го мине хрватскиот тим на Хајдук во второто квалификациско коло од ова натпреварување, тогаш во следното би играл со тим од Грузија или Данска.
По денешните извлекувања, познати се паровите за наредните рунди во Лигата на Шампиони, односно во Лига Европа.
Па така во Лига Европа, доколку Хоризонт Турново го мине Хајдук, а има активен и добар резултат од првиот гостински дуел за да го направи тој успех, тогаш би разигрувал со подобриот тим од дуелот мешу Дила Гори (Грузија) или пак Алборг (Данска).
Како и да е, Турново дефинитивно го обеле образот на Македонскиот фудбал во европските натпреварувања, па така, доколку Работнички му преостануваше таа задача да го вади од калта клубскиот мак-фудбал, овој пат дефинитивно таа задача му преостана на херојскиот тим на Турново кој покажа машка игра на „Пољуд“, сепак се враќа на реваншот на домашен терен со пораз од 2-1, но самиот гол во гости значи многу голема шанса за влез во наредната рунда од ова натпреварување.
Мечот со Хајдук, нашиот претставник го игра на 25-ти овој месец со почеток од 17,45 часот на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.Македонскиот претставник во Лига Европа, Хоризонт Турново, доколку го мине хрватскиот тим на Хајдук во второто квалифи

Пронајдете не на следниве мрежи: