Македонските претставници во Лига Европа ремизираа против своите противници на првите дуели.
Екипата на Хоризонт Турново со 2-2 се враќа од гостувањето кај литванска Судува откако Турновци имаа историска шанса да се вратат со огромна победа од овој дуел но примија гол на 5 минути од крајот на мечот.
Први поведоа домаќините преку Башиќ во 23-тата минута, само седум минути подоцна, во 30-тата минута израмни Зоран Балдовалиев и најави интересно продолжение на мечот.
Пресвртот на мечот го донесе Дејан Блажевски во 45-тата минута од пенал и го доведе во водство од 1-2 својот тим. Валскис во 85-тата минута му донесе израмнување на својот тим и конечниот исход од мечот гласеше 2-2.
Мечот помина со доста санкции од страна на главниот арбитар на мечот финецот Јарвинен, дури 11 жолти картони беа доделени на овој натпревар, од кои, 5 за домаќините, и 6 за гостите.
Тимот на Тетекс немаше среќа во дуелот со ерменски Пјуник. Нашиот претставник прими гол во 81-вата минута од натпреварот, гол што предизвика бура од реакции во Македонија, наводно поради сомнеж за офсајд ситуација. Генц Исени го спаси Тетекс од пораз и му даде какви такви шанси да на гостувањето се извлече стрелајќи во 90-тата минута од мечот.Македонските претставници во Лига Европа ремизираа против своите противници на првите дуели.