петок, 27 ноември 2026
Најново

Турска водителка под стрес: Го прочитав најтешкиот прилог во мојот живот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Соопштението на организаторите на пучот го прочитав под закана со пиштол, изјавила Тијен Караш, спикерката на ТРТ откако приврзаниците на Ердоган успеале да ја вратата телевизија под своја контрола.Војниците кои учествуваа во државниот удар синоќа под контрола ја земаа турската државна телевизија, а вработените кои биле во редакцијата ги земале како заложници.
-Преживеавме вистински кошмар тука. Го прочитав најтешкиот прилог во мојот живот. Во студиото беа наоружани луѓе, нѐ задржаа во редакцијата како заложници неколку часа. Рацете ни беа врзани зад грб. Ни се закануваа, го следеа секој наш чекор. Го прочитав нивното соопштение под закана од вооружен човек. Ги читав нивните барања. Фала му на Бога, сѐ се заврши. Не сакам да ги паметам овие моменти, изјавува Караш.Војниците кои учествуваа во државниот удар синоќа под контрола ја земаа турската државна телевизија, а вработените кои биле во редакцијата ги земал

Поврзани вести