Турската полиција ги избрка демонстраните со солзавец и водени топови

Полицијата во Истанбул со употреба на солзавец и водени топови вчера ги растера демонстраните од плоштадот Таксим и паркот Гези. 
Акцијата на полицијата се спроведе синоќа во паркот Гези откако активистите подигнаа шатори во него и го претворија во национален симбол на отпорот. 
Полицијата ги искинала плакатите, го соборила штандот со храна и ги испрскала шаторите со солзавец, поради што демонстрантите биле принудени да се повлечат, а неколкумина бил однесени на носила, пренесува Асошиејтед прес.
Полицијата им извикувала на демонстрантите: „Ова е нелегален чин, ова е нашата последна опомена до вас – евакуирајте се.“
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган претходно ги предупреди демонстрантите да го напуштат плоштадот Таксим и им рече дека ако не го сторат тоа, безбедносните сили ќе знаат „како да го испразнат“.
Премиерот уште еднаш укажал на „заговорот“ што стои зад најголемите улични протести во текот на неговото 10-годишно владеење.
Демоонстрантите не сакаа да ги прекинат протестите откако претходно турскиот премиер ги запре плановите за реконструкција на паркот.  Полицијата во Истанбул со употреба на солзавец и водени топови вчера ги растера демонстраните од плоштадот Таксим и па

Пронајдете не на следниве мрежи: