Турски пратеник има докази дека синот на Ердоган соработува со терористите!

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу, во четвртокот одговори на тврдењата дека Турција, односно претседателот Ердоган и неговото семејство се вмешани во илегална трговија со украдена нафта во соработка со ИСИС.„Во периодот на Ладната војна постоеше советска машина за пропаганда. Таа секој ден создаваше нови лаги. Се очекуваше цел свет да поверува во тоа што го кажуваат. Меѓутоа, тоа беа лаги и глупости.“
Сепак, проценката на Давутоглу не е сосема точна. Постојат луѓе кои веруваат во „лагите“ на Москва, а меѓу нив е и власта на Багдад од која Турција краде нафта.
Всушност, Ирак е до толку вознемирен, што го замоли Советот за безбедност да ја истражи ситуацијата и да ги означи сите оние коишто се вмешани во таа кражба како „криминалци“.
Меѓутоа, незгодната ситуација кај автократското владеење на Ердоган е тоа што создава голем број непријатели во својата држава. Незадоволството може да се потиснува со сила извесно време, но сега се насобраа многу работи.
Покрај сето тоа, пратеникот Ерен Ердем сега тврди дека наскоро ќе има докази дека Ердоган е соучесник во криумчарењето на нафта.
„Наскоро ќе можам да докажам дека Берат Албајрак е поврзан со криумчарење на нафта од терористите на ИСИС“, изјавил Ердем на прес-конференција во четврток.
Берат Албајрак е зет на Ердоган и турски министер за енергетика и природни ресурси.
„Постои една компанија со седиште во Ербил која во 2012 година има набавено нафтени танкери и кои во моментов се бомбардирани од страна на руските авиони“, изјавил Ердем и додал дека ги проучува податоците за таа компанија која има партнери во Турција.
Сѐ се совпаѓа со приказната која кружи во последниве месец дена, односно дека ИСИС криумчари украдена нафта во Турција. Ќе биде прилично интересно да се дознае дали министерот за енергетика и компанијата на синот на Ердоган, БМЗ Груп, се поврзани.
Секако дека Ердоган е прилично вознемирен поради овие обвиненија и смета дека оваа кампања е насочена кон уништување на неговата репутација.„Во периодот на Ладната војна постоеше советска машина за пропаганда. Таа секој ден создаваше нови лаги. Се очекуваше цел свет да поверува во

Пронајдете не на следниве мрежи: