Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги обвини медиумите за поткопување на штотуку започнатиот курдски мировен процес и ги повика новинарите да се самоцензурираат доколку го сакаат својот народ, со што го предизвика негодувањето на новинарите. Премиерот Реџеп Таип Ердоган го осуди написот во дневниот весник Milliyet во кој беше пренесен состанокот меѓу курдскиот герилски лидер Абдулах Оџалан кој издржува доживотна затворска казна на островот Имрали јужно од Истанбул, челник на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) кој до октомври минатата 2012 година ги води мировните преговори од затворот, а минатиот месец се сретнал со делегација на курдските политичари околу споменатите преговори. Оџалан во затворот се наоѓа откако беше уапсен и грабнат од припадниците на турските тајни служби во Кенија во февруари 1999 година. Во јуни истата година, тој беше осуден на смрт за тероризам и предавство и затворен на островот Имрали во Мраморно Море. Казната подоцна под притисок на меѓународната заедница беше заменета со доживотен затвор без право на помилувањe. Транскриптот од разговорите ја покажува неговата фрустрација поради кревкиот мировен процес и предупредување до владата на де се обидува да ги диктира условите. „Ако сакате да продолжите со вакво новинарство, тогаш не ни е потребно.., кој и да работи на саботирањето на овој процес е против мене, моите пријатели и владата“, рече Ердоган „Доколку имате и трошка љубов за оваа земја, за овој народ…, не можете да пишуваат вакви написи“, додал премиерот на Турција. Челникот на турското Здружение на напредните новинари, Ахме Абакај возврати дека „весниците и телевизиите не се корпорации врзан за владата“. „Новинарите, исто така, не се јавни службеници или функционери на премиерот. Во земјите со демократија, премиерите не можат да се мешаат во слободата на изразувањето и медиумите, како и во правото на луѓето на пристап до информациите“, порача Абакај.
МакфаксТурскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги обвини медиумите за поткопување на штотуку започнатиот курдски мировен процес и