Тајип Ердоган и наредил на актерката Меријем Узерли да биде покриена со бурка, во спротивно ќе нареди снимањето на “Сулејман Величенствениот” засекогаш да биде прекинато.
Турската актерка Меријем Узерли, која во серијата “Сулејман Величествениот” ја толкува Хурем Султан, може да биде отстранета од снимањето на серијата, по наредба на турскиот премиер Тајип Ердоган.
Тој во почетокот на минатата недела со министерот за култура одржал средба, по што биле поканети и продуцентите на популарната сага на султанот. Имено, им објавил дека ќе мораат да го променат сценариото бидејќи, според мислењето на премиерот “, актерите и сценаристите вршат криминално дело и исмејување на нивната историја”. Ердоган меѓу првите ја споменал Меријем и побарал во преостанатите епизоди да биде покриена со бурка, како што, наводно, била облечена и султанката во 16 век, во спротивно итно ќе и биде забрането работење во Турција. Тоа многу ги налутило продуцентите.
И актерка бурно реагирала на барањата на премиерот, кажувајќи му дека не може и не треба да се меша во нејзината работа или кариера поради неговите лични ставови. Меријем дошла на сетот и одбила да стави бурка, по што снимањето било прекинато. Дали и кога да се продолжи уште не е познато. Таа во петокот наутро отпатувала кај нејзините родители во Германија, а додека продуцентите го очекуваат нејзиното враќање, Ердоган не отстапува од своите барања.Тајип Ердоган и наредил на актерката Меријем Узерли да биде покриена со бурка, во спротивно ќ