Македонија е во најдобра позиција од сите да каже колку важно беше да се затвори балканската мигранстка рута и повторно да се обезбеди контрола врз границите, за како резултат на тоа да има стабилност во регионот, порача Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск на денешната заедничка прес-конференција со Претседателот Ѓорѓе Иванов.Вели дека благодарение на сеопфатната стратегија, Македонија и ЕУ успешно се справија со миграцијата и оти денес рутата за мигрантите останува затворена.
-Сето тоа благодарение на вашите напори, посочи Туск.
Според првиот човек на Евросоветот, ЕУ останува подготвена да излезе во пресрет на потребите на Македонија.
-Без оглед дали станува збор за хуманитарна поддршка за локалните заедници, или во форма на опрема, или човечки ресурси, меѓу другото и преку граничната полиција на ЕУ, вели Туск.
Тој рече дека дошол во Македонија за да испрати порака од лидерите и институциите на ЕУ.
– Посветеноста на Европската Унија на вашата европска перспектива е недвосмислена. Работењето кон постигнувањето на членство во ЕУ и НАТО постојано се покажуваше како фактор на единство, единство кое што е многу потребно во вашата земја денес, посочи претседателот на Европскиот Совет.
Туск се надева дека Македонија ќе продолжи да го следи, како што рече, тој внатрешен компас и да го избегне се она што може да ги подгрее тензиите, меѓу другото и по етничка основа.Вели дека благодарение на сеопфатната стратегија, Македонија и ЕУ успешно се справија со миграцијата и оти денес рутата за мигрантите останува затв