Тутунски Комбинат Прилеп продолжува со процесот на модернизација и обновување на своите производствени капацитети. Во исто време, продолжува и со позитивните резултати во поглед на откуп на тутун од тутунопроизводителите во Прилепско и нивна навремена исплата. Ова е заклучокот од средбата помеѓу техничките тимови на Тутунски Комбинат Прилеп и Филип Морис.“За првпат од кога е изградена фабриката започнуваме процес на реновирање на производствената хала од 5000 метри квадратни. Во истата хала, со помош на Филип Морис, веќе две години е започнат процес на модернизација на производството, а во моментов се инсталира и нова машина за производство на цигари со прогресивен формат. Потпишани се договори за откуп со 3500 фармери за откуп од околу 3 илјади тони на тутун. Бројките и активностите говорат дека се движиме напред и по неколку децении на проблеми, сега со помош на Филип Морис одиме во позитивен правец во создавање на ефикасна фабрика на задоволство на Прилеп и Македонија”, изјави Кирил Станковски, новиот Генерален директор на Тутунски Комбинат Прилеп.
Чекорите што беа преземени со потпишувањето на стратешкото партнерство помеѓу двете компании веќе почнаа да даваат позитивни резултати. Притоа, со подобрувањето на производствениот погон и инсталирањето на новата машина ќе се овозможи зголемување на капацитетот и обемот на производство на фабриката во Тутунски Комбинат Прилеп.
Согласно Договорот за стратешко партнерство на Филип Морис и Тутунски Комбинат Прилеп, Филип Морис ќе откупи до 2000 тони на тутун во зависност од цената и квалитетот. Овој договор за стратешко партнерство доведе до формирање на заедничка компанија ПМТКП која има за цел да се грижи за комерцијалниот аспект на производите, како и за развивање на стратегија. Резултатите покажуваат дека со знаењето и искуството на Филип Морис, како лидер во тутунска индустрија на светско ниво, значително ги подобрија капацитетите на Тутунски Комбинат Прилеп.“За првпат од кога е изградена фабриката започнуваме процес на реновирање на производствената хала од 5000 метри квадратни. Во иста