Телевизија Нова деновиве се соочува со незаконски притисок од страна на СЈО кој не може да се протолкува никако поинаку освен како обид за цензура и обид за замолкнување на слободните медиуми. Уредничкиот тим на телевизијата во моментов се наоѓа пред ЕУ Инфо центарот каде ќе предадат официјално барање за средба со еврокомесарот Хан.-Се надеваме дека господинот Хан ќе одвои време во текот на денешната посета и ќе успее да се сретне со дел од уредничкиот тим за одблиску да му ја објасниме состојбата во Телевизија Нова, но и состојбата со нашиот сопственик Сеад Кочан, како и притисокот кој го чуствуваме од Специјалното јавно обвинителство“, изјави главната уредничка на ТВ Нова, Билјана Василева Трендафилова.
Василева Трендафилова потенцира дека денеска на удар е Телевизија Нова, но на удар може да биде и кој било друг медиум или поединец од страна на СЈО и вели дека ова што во моментов се случува со СЈО со отворањето на случајот Труст го смета како директен атак врз Телевизија Нова.
„Сметаме дека ова што се случува, случајот Труст за кој нема основано и голем број на докази, сметаме дека се случува во еден исклучително важен период за ТВ Нова, во период кога нашиот медиум се етаблира на македонскиот медиумски пазар и во моменти кога гледаноста рапидно расте. Во моменти кога се обидуваме во живо на нашите гледачи да им ги претставиме оние протести коишто се случуваат секојдневно на улиците, а кои се против тиранската платформа. Затоа сметаме дека трн во око и мета е токму ТВ Нова“, вели Василева Трендафилова.-Се надеваме дека господинот Хан ќе одвои време во текот на денешната посета и ќе успее да се сретне со дел од уредничкиот тим за одблиску да му ја