ТВ НОВА: Цел сме на политички притисок од СЈО

Мобилното студио на телевизијата „Нова“ и вчера беше паркирано пред канцелариите на специјалното јавно обвинителство, како што велат новинарите од оваа телевизија, во знак на протест на притисоците врз медиумот што му го прави ова обвинителство преку политички прогон на сопственикот Сеад Kочан. Вработените во телевизијата и фирмите на бизнисменот Kочан во знак на револт мирно протестираа против притисоците од СЈО што ги врши врз медиумот, пренесува Дневник.Поддршка стигна и од уметникот Александар Станковски, кој изјави дека работата на специјалното јавно обвинителство е политичка и крајно корумпирана.
– Народот гледа какво обвинителство е СЈО, се освестува. Ова обвинителство има против високите новинарски стандарди што ги поставија и поради известувањето од протестите на „За заедничка Македонија“. Се гледа како работи СЈО, со политички нарачки – изјави Станковски.
Тој додаде дека токму со случајот „Труст“ ќе излезат на видело сите неправилности и незаконитости што ги спроведува СЈО.
Веќе петта седмица пред Апелација и пред канцелариите на СЈО се собираат новинари и граѓани, претставници на бошњачката заедница, но и вработените од компаниите во сопственост на Kочан, за да изразат поддршка за телевизијата и бараат укинување на мерката притвор одредена за сопственикот на „Нова“.
Новинарите сметаат дека со одлуката за притвор на сопственикот на „Нова“ се прави притисок не само врз телевизијата туку и врз целокупното медиумско известување во Република Македонија.
Главната уредничка во телевизијата, Билјана Василева-Трендафилова, вели дека е изненадена од игнорантскиот однос кон телевизијата „Нова“ од дипломатскиот кор и странските претставници во земјата. Таа вели дека само побарале овие денови да се слушнат нивните аргументи за притисокот со кој се соочуваат поради постапката на СЈО.
– Ќе продолжиме со искажувањето протест пред СЈО за директната атака врз оваа институција кон „Нова“. Повеќе од јасно е дека целта на СЈО е телевизијата и тоа најдобро може да се забележи од случувањата во другите медиуми во земјата. Се работи на една систематска стратегија за замолкнување на медиумите кои секојдневно известуваат за протестите на „За заедничка Македонија“. Телевизијата „Нова“, и покрај притисоците како составен дел од спроведувачите на ваквата стратегија, ќе продолжи сеопфатно да информира за сите важни настани, особено во овие клучни моменти за Македонија. На страната на граѓаните бевме и во критичните моменти кога беше најпотребно, како поплавите и земјотресите што го погодија Скопје, ќе останеме сега во моментот кога на Македонија тоа ~ е најпотребно – изјави Василева-Трендафилова за „Дневник“ вчера пред канцелариите на СЈО.
 Поддршка стигна и од уметникот Александар Станковски, кој изјави дека работата на специјалното јавно обвинителство е политичка и крајно корумпирана

Пронајдете не на следниве мрежи: