Единствениот грев на ТВ Нова и на нејзиниот сопственик е тоа што не се на страната на Заев.Единствениот грев на оваа телевизија е што со својата професионалност и објективност во извршувањето на новинарските обврски ги разгоре зависта и омразата во политичкиот табор чиј што лидер го доживува како непријател секој оној кој не мисли и не делува како него, секој оној кој не се согласува со неговата велепредавничка акција. Новите стандарди што телевизија Нова ги воспостави во македонскиот медиумски простор, а кои се карактеризираат со висок степен на професионалност, брзина на информациите, објективност и неутралност во работатаи во информирањето за сите настани во земјата и во странство се пелин во устата на политичката самобендисана елита на СДС. Оваа елита не можеда се начуди како во рекордно кус временски период од само една година телевизија Нова успеа да направи вистинскибум во медиумската сфера, бум кој никого не може да остави рамнодушен.
Но, кој е и другиот, вистинскиот грев на Телевизија Нова? Тоа што го пренесуваше законски снименото видео на кое се гледа како локалниот шериф Заев бара од странка едно евро за Вицето? Тоа што го емитуваше насмеаното лице од уво до уво на Заев кога правеше селфи во топла прегратка со неговите поддржувачи во „Диво Насеље“на само неколку часа од погибијата на деветемината полицајци во тамошниот хорор? Или пак емитувањето на снимките на Заев како радосно навива од фудбалските трибиниседнат под албанското знаме? Или, можеби, гревот на ТВ Нова е во објективното известување за холивудското делување на Заевото СЈО, за баснословните буџети наши пари кои ги потрошија за неполна година? Гледаме, ТВ Нова има навистина многу гревови кои Заев ги гледа како причина плус за гаснење на телевизијата, а македонските граѓани како причина плус за уште поголемо следење на телевизијата која израсна во вистински пример од медиум, вистинска нова телевизија.
Но, не е најголем само стравот и гневот на Заев во сторијата со ТВ Нова. Тука е и стравот на странскиот сценарист кој од петни жили нема да дозволи ТВ Нова да се наметне во креирањето на јавното мислење кај македонските граѓани. Сценаристот не смее да дозволи граѓаните да бидат освоени од овој нов медиум. Токму затоа одлуката падна. Го вклучуваат„правниот“ активизам на марионетата СЈО, која е насадена во системот да му ги тргнува од пред очи ноќните мори на Заев. Но, овој пат проценката на СЈО дека Заев ќе се спаси од катадневните ноќни мори со одредување мерка притвор за Кочан не е баш соодветна терапија за неговата дијагноза. Дијагнозата на Заев, а многу брзо и самите ќе се разуверат, не се лечи со тој ап. СЈО може да испорача уште многу барања за притвор против сопствениците на непријателските медиуми на Заев, но лидерот и натаму ќе паѓа во депресија. Колку повеќе изречени мерки притвор, толку повеќе нови ноќни мори за несудениот и самозамислен премиер.
Зошто нели Заевкако актуелен и самоназначен мандатар на Влада треба дапрошета по градовите низ Република Македонија. Нели треба да се соочи со се погласните реки од народ кои татнат по улиците, по сокаците, по булеварите, по пристаништата во знак на одбрана на единственото нешто што на секој нормален човек му е свето, Татковината. На пустиот Заевтаа му е само обичен предмет со кој се тргува, купи-продај алатка.
Е, токму со тој медиум Заев си има најголема мака. Неговата најголема мака во моментов е како СЈО да им стави затка во устите на сите тие над 200.000 граѓани, на тој громогласен медиум кој секојдневно достоинствено и гордо ечи низ улиците пеејќи македонски песни, и аплаудирајќи на македонските тапани и зурли. Како на овие реки од луѓе на кои уште минатата недела им нареди да си одат дома да им изрече мерка притвор и сите топтан да ги испрати во Шутка. Како на овие „фашисти“, „пијаници“, „зобјадачи“, „режимски платеници“ и како ли уште не нė нарекоа Заев и странскиот сценарист,слугата СЈО да ни врачи мерки за доживотен затвор.
Кој ли сега ап СЈО да му го даде на Заев за да му се намали треморот од граѓанскиот татнеж кој го слуша дури и во тоа малку сон што му останал?
А сепак да го активира СЈО? А да ги лови на камерите еден по еден сите оние гласни и горди Македонци и да им наложи на партиските и теткините вработени кадри во СЈО да испорачуваат предмети против секого од нив/нас? Навистина Заев е на голема мака. Но, на мака е и сценаристот кој не бил брифиран, ниту информиран дека Македонците знаеле да бидат толку гласни, толку горди и полни со почит и љубов кон сопствената им Татковина.
Никој не им кажал дека народот Македонски можел да има такви комплетни патриотски чувства кон Република Македонија. Бриферот тотално утнал во проценката. Дал сосема погрешни насоки во планот кој ќе заврши со целосно фијаско. Бриферот/ката очигледно не е дел од нашиотМакедонски род, не е дел од нас, ниту му/и е дозволено да се претставува како Македонец/ка. Токму затоа граѓанскиот суд им забранува негово/нејзино ословување како Македонец/ка. Граѓанскиот суд забранува пристап на овие и вакви Македонци во претставничкиот дом на Република Македонија. На лажните брифери кои му помогнале на странскиот сценарист да направи ваква проклетија од план против нашата Татковината им порачуваме дека граѓаните на Република Македонија се умни и чесни луѓе, се учени луѓе и се луѓе што точно знаат кои им се нивните слободи и права во својата земја, точно знаат што е демократија, а што тоталитарен систем и анархија, точно знаат што е сувереност над својата земја, а што да се биде заморче во скутот на странските испостави, точно знаат кои сили, од кои причини и зошто токму сега и се намерачиле на нашата земја, знаат се, и затоа уште погласно повикуваат, ајде Заев, ајде Шеќеринска ако сте ербап, дојдете со вашите слуги од СЈО и одредете ни граѓански притвор на сите нас, на сите над 200.000 граѓани кои не се согласуваме да појдеме со вас и вашата „нова владина програма“ во пропаст.
Оставете ги медиумите на раат. Тие не ви се непријатели со тоа што ја пренесуваат вистината од улиците до секој дом, до секој човек. Тие не ви се виновни што објективно, професионално и со цело и полно срце се секогаш на страната на правдата и вистината пренесувајќи настани од едно време кое ќе остане запишано со златни букви како време кога се градеше уште посилна и уште поуспешна Република Македонија. Секако, во тоа време ти Заев, и ти Шеќеринска ќе бидете запишани каконеповратно заминати во политичкиот заборав, како актери со епизодна улога, но натоварени со сите гревови на грбот за кои допрва ќе ви се суди.
Заев, Шеќеринска, медиумите не ви се кабает, ниту ви се ваши непријатели.
Единствениот ваш непријател сте самите вие, и никој друг!
Каракамишева за КурирЕдинствениот грев на оваа телевизија е што со својата професионалност и објективност во извршувањето на новинарските обврски ги разгоре зависта и о