ТВ НОВА и денеска со протест пред канцеларијата на СЈО. Со денови вработените од телевизијата протестираат против притисокот што СЈО го врши врз медиумот.Кон протестот се приклучија голем број медиуми, новинари и здруженија, меѓу кои и новинарот Наум Стоилковски.
„Работата на СЈО веќе докажано не може да се одвои од она што се случува во општетствено политичкото збиднување на Република Македонија. СЈО постапува согласно политиките, желбите и намерите на СДСМ и она што претставува нивен круг на пријатели и помагачи кон крајната цел, а тоа е редифинирање на Македонија и вовед во бинационална држава и федерализација. Оттука и овој чекор не може да се иземе како конкретен напад врз медиумите, каде цел не е само ТВ НОВА, како телевизија што ги застапува интересите на граѓаните, како и државните и националните интереси, туку се и другите медиуми, зашто истовремено додека се напаѓаат медиумите, се напаѓаат и многу други компании коишто имаат маркетинг договори со медиумите, преку коишто тие се издржуваат. Овие медиуми треба да се „превоспитаат“ и да преминат во поддршка на онаа политика којашто ја застапува СДСМ, а наидува на негодување по улиците низ целата држава“, рече Стоилковски пред канцелариите на СЈО.
Тој потсети и дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев опиша дел од медиумите како политички непријатели. Според Стоилковски со ова што се случува сега, СЈО отвора простор медиумите кои не и се блиски на СДСМ, да се заменат со оние коишто ги застапуваат нивните политики.Кон протестот се приклучија голем број медиуми, новинари и здруженија, меѓу кои и новинарот Наум Стоилковски.
„Работата на СЈО в