Постапувањето на СЈО во случајот ,,Труст“, ТВ НОВА го смета за директен атак врз нејзиното работење.Oчигледно е дека некому му смета успехот на овој медиум кој за само година и неколку месеци успеа да стане релевантен извор на информации и граѓаните го препознаа тоа.
Симптоматично е тоа што СЈО, преку истраги и случаи за фирми, почна да ги гони и медиумите, како тие да се најголемиот проблем.
Инвентивноста на ТВ Нова покажа дека нашите граѓани се жедни да видат и нешто поинакво од она што го пласираат странските фактори, преку други медиуми, во нашата земја.
Ова не е прв пат да бидеме на удар од институциите контролирани од странски организации и домашни политички субјекти.
Истото се случи и пред изборите кога ад хок телото неосновано не напаѓаше. Но како што го преживеавме тој удар, ќе го преживееме и овој.
Сеад Кочан е човекот кој овозможи како како медиум да покажеме како треба да функционира информативен сервис на граѓаните. Бевме единствени кои непрекинато информираа за поплавите, за земјотресите, за светските случувања.
Сепак за СЈО ова веројатно е тешко злодело. И затоа без никакви докази решија да побараат притвор за сопственикот на ТВНова.
Во оваа една година од постоењето, Кочан ниту еднаш не ни сугерирал како да ја водиме телевизијата.
Единствено што инсистираше е директно со наша екипа да ги покриваме сите значајни настани во светот. И тоа навистина не издигна како медиум.
Со одлуката за негово притворање, не се засегнати само 130 – те вработени во тв Нова. Од фирмата Трансмет својот леб го вадат преку 10 000 македонски семејства. Ваквата постапка на СЈО ја доведува до прашање нивната егзистенција.
Сакаме да прашаме зошто за СЈО и другите институции не се интересни медиумите кои произведуваат програма спонзорирана со странски пари? Какви се намерите на овие медиуми кои финансирани со странски пари работат против државните интереси и спроведуваат агенда на друга земја и странски фактори?
Дали пречи тоа што како медиум го пренесуваме секојдневно незадоволството на граѓаните од Македонија и масовноста на ваквите собири кои се против прифаќањето на албанската платформа?
Па наша должност е да ги информираме граѓаните.
Жално е што во Македонија во последно време стана грев да си патриот и да ја сакаш својата земја, и една телевизија како ТВ Нова, која сака да го потенцира тоа, наместо да биде поздравена, станува казнета.
Сакаме да им порачаме на нашите гледачи да останат спокојни. ТВ НОВА ќе продолжи да работи и да информира онака како што тоа го правеше и до сега, професионално брзо и навремено, а овој случај се надеваме за скоро ќе го затвориме како уште една лоша вест што еднократно сме ја емитувале.
Уреднички коментар на телевизија Нова.Oчигледно е дека некому му смета успехот на овој медиум кој за само година и неколку месеци успеа да стане релевантен извор на информации и граѓани