ТВ НОВА во 2 часот по полноќ во живо ќе го пренесува првото соочување Клинтон-Трамп

Доналд Трамп и Хилари Клинтон денеска во 21 часот по источноамериканско време (утре во 3 часот по македонско време) ќе ја одржат нивната прва дебата како претседателски кандидати. Дебатата ќе се одржи шест недели пред претседателските избори, закажани за 8 ноември. Се очекува да ја следат над 90 милиони гледачи.Новинарот Лестер Холт од NBC ќе биде модератор на првата дебата која ќе трае 90 минути, а ќе се одржи на Хофстра Универзитетот на Лонг Ајленд. Според најавите ќе има три главни теми и тоа безбедноста на Америка, просперитетот на земјата како и патот по кој ќе се „движат“ Соединетите Американски Држави.
Ќе биде поделена во шест дела од по 15 минути. Нема да има паузи за реклами.
Од штабот на Трамп сметаат дека модераторот Холт треба да има и функција на човек кој ќе ги проверува фактите, односно да реагира доколку некој од кандидатите кажува невистини.
Телевизија Нова во живо ќе го пренесува вечерашното прво соочување меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп. Програмата почнува во 2 часот по полноќ.Новинарот Лестер Холт од NBC ќе биде модератор на првата дебата која ќе трае 90 минути, а ќе се одржи на Хофстра Универзитетот на Лонг Ајленд. Спор

Пронајдете не на следниве мрежи: