Компанијата Твитер денеска соопшти дека ја гаси социјалната мрежа Вајн, која од основачот Рас Јусупов ја купи пред четири години.Вајн имаше околу 200 милиони месечни корисници, кои, за жал, не биле доволни за опстојување на пазарот.
Воведувањето видеа на Инстаграм и експанзијата на Снепчет, скапо го чинеа Вајн кој не успеа да го најде своето место меѓу корисниците на социјалните мрежи, поради што во наредните недели ќе биде изгаснат.
Своите снимки од шест секунди според кои апликацијата е препознатлива, ќе можат во следниот период да се преземат, како и да се гледаат други снимки, но од денес повеќе не можат да се објавуваат нови.
Не е познато уште колку долго сајтот ќе биде онлајн.
Иронично, на својот Твитер профил се огласи основачот на апликацијата. Јусупов само кратко напишал: „Никогаш не ја продавајте својата компанија!“
Според информациите, Твитер заработи околу 30 милиони долари од продажбата на Вајн.
Don’t sell your company!
— Rus (@rus) October 27, 2016
Вајн имаше околу 200 милиони месечни корисници, кои, за жал, не биле доволни за опстојување на пазарот.
Воведувањето видеа на Инстаграм и е