„Демократскиот пристап“ до информации е долго поддржана идеја од страна на Дик Костоло. Тој се повлече од функцијата извршен директор на Твитер и повторно јасно се изјасни во интервју за „The Guardian“: „Ќе го кажам ова директно – сметам дека регулациите се закана за слободата на говорот.“Но, според материјалот на BuzzFeed, само еден месец порано во својство на извршен директор тој им наредил на вработените на Твитер да ги филтрираат твитовите со омраза против претседателот Барак Обама за време на една сесија на прашања и одговори.
Наредбата на Костоло била тајно да се состави алгоритам кој ќе блокира остри напади кон претседателот по хаштагот #AskPOTUS, пишува BuzzFeed.
Според медиумот, наредбата била држана во тајност и од вишите менаџери кои го негуваат строго долгогодишниот ангажман на Твитер за неограничена слобода на говорот и кои би се спротивставиле на ваквата наредба.
BuzzFeed цитира барем тројца анонимни извори, вклучувајќи и поранешен виш менаџер на Твитер. Алгоритамот развиен во компанијата, проверувал „илјадници примери за насилен и навредлив говор“, но се смета дека вработените исто така рачно отстранувале примери за говор на омраза.
Сличен метод за цензура се користел и во времето на сесија на прашања и одговори со транссексуалецот Кејтлин Џенер.
Дик Костоло и Твитер одбија да дадат коментар на оваа тема.
Подоцна, во свои твитови, Костоло ги нарекува тврдењата апсурдни.
„Апсолутни глупости и неточни информации. Секој што ќе застане со име, ќе го каже истото“ – напишал тој.
Фото: РојтерсНо, според материјалот на BuzzFeed, само еден месец порано во својство на извршен директор тој им наредил на вработените на Твитер да ги филтрираат