Твитер укина два турски профили.

Ваквата одлука на Твитер, која се оценува како попуштање под притисокот на властите во Анкара, уследи откако турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган до Уставниот суд на Турција поднесе тужба против Твитер и Јутјуб.Твитер денеска соопшти дека ги укинува анонимните профили „Храмзаделер“ (Синови на крадци) и „Башџалан“ (Прв крадец), кои имаат стотици илјади следбеници и кои објавија снимени разговори во врска со антикорупциската полициска акција од декември минатата година, во кои се посочува на корумпираност на луѓе блиски до премиерот.
Објавувањето на овие снимки беше повод Владата на Ердоган минатиот месец да воведе забрана на социјалната мрежа Твитер, како и на системот за размена на видео и аудио содржини Јутјуб, каде исто така беа објавени слични аудио записи.
Забраната на Твитер беше укината на почетокот на овој месец со одлука на Уставниот суд на Турција, кој оцени дека блокирањето на мрежата претставува кршење на правото на изразување, додека Јутјуб и натаму е блокиран.
Извор: КурирТвитер денеска соопшти дека ги укинува анонимните профили „Храмзаделер“ (Синови на крадци) и „Башџалан“ (Пр

Пронајдете не на следниве мрежи: