Твитови кои вредат милиони – Кои се тие?!

На прв поглед, на сите нас би ни се причинило, дека познатите личности твитаат она што им се случува, или пак она што ќе им падне на памет. Но дали знаевте дека од нивните твитови, тие имаат огромен бизнис кои може да им донесе стотици илјади долари годишна заработка?На пример Ким Кардашијан има 18 милиони следачи а за еден твит од 140 карактери, таа заработува и до 7000 фунти. Во Велика Британија, Вејн Руни објавува однапред подготвени реклами за компнаијата “Nike”, секако во облик на твитови.
Секако, ова никого не би требало посебно да го изненади, но критичарите тврдат дека Твитер постанал најобичен бизнис и дека некогашните искрени пораки на познатите, не се ништо друго, туку уште еден начин спонзорите да пратат порака до своите потенцијални клиенти. Ѕвездите, годишно заработуваат неколку стотици илјади долари (дел во пари, а дел во подароци). Доволно е само јавно да се сподели вест пред милиони обожувачи.
Елизабет Харли, често има пофалби за компанијата“Estee Lauder”, Викторија Бекам не престанува да твитa за чевлите со потпис “Manolo Blahnik” и “Prada”, а Џастин Бибер постојано го споменува својот спонзор компанијата “Adidas”.На пример Ким Кардашијан има 18 милиони следачи а за еден твит од 140 карактери, таа заработува и до 7000 фунти. Во Ве

Пронајдете не на следниве мрежи: