Творецот на консензуалната демократија професор Штајнер, ќе оддржи обуки за младите политичари во Македонија

Интерактивни обуки на полето на политичката делиберација ќе одржи еминентниот професор д-р Јург Штајнер, на 5 јуни во ЕУ Инфо центарот во Скопје. Обуките се наменети за подготовка на подмладокот на партиите, со цел нивен придонес кон подобрување на политичкиот дијалог, конесензуално одлучуање и меѓупартиска соработка. Присутни на предавањата ќе бидат и истакнати политиколози кои ги применуваат тероиите на Штајнер во своите научни истражувања и следење на работата на македонскиот Парламент. „Чест ни е што професор д-р Јург Штајнер е наш гостин и предавач. Работилниците ќе се одржат во неколку серии со учество на докторанти од полето на политичките науки, научни работници и истражувачи во областа на политичка комуникологија и делиберација, како и млади политичари. На наше огромно задоволство, од годинава Институтот за подготовка на глобални лидери во соработка со домашни институции и организации, ќе се вклучи во обуката на лидери и на локално ниво со ангажирање на светски истакнати професори од рангот на д-р Штајнер“ вели Ангела Велкова извршен директор на Институтот за подготовки на глобални лидери.  
Предавањата ќе се базираат на делото на професорот насловено како „Темелите на конесензуалната демократија“, издадено од Кембриџ Универзитетот во 2012 година.
Професор д-р Јург Штајнер предава политички науки на Универзитетот Северна Калифорнија и професор Емиритус на Универзитетот во Берн и Европскиот Универзитетски Институт во Фиренца.
Домаќини на настанот се Здружението на граѓани за глобални развојни иницијативи „Трет Милениум” и Институтот за подготовка на глобални лидери во соработка со Институтот за демократија „Societas Civilis“ и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид.„Чест ни е што професор д-р Јург Штајнер е наш гостин и предавач. Работилниците ќе се одржат во неколку серии со учество на докторанти од пол

Пронајдете не на следниве мрежи: