„Социјалдемократскиот сојуз нема да учествува на изборите на 5 јуни!“. Со овие зборови во средата вечерта лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го најави бојкотот на изборите откако цел ден се обидувал во директна комуникација со странските амбасадори и телефонски разговори со бриселските фактори да издејствува поддршка за себе и за намерата изборите повторно да бидат одложени, односно Собранието да не се распушти, пишува „Дневник“.Висок партиски извор за „Дневник“ вели дека Заев очекувал сè, само не свртен грб од меѓународната заедница и тоа било причина за конечната одлука да ги бојкотира изборите.
Хан без конкретни одговори
Странските фактори вчера молчеа. Ниту американскиот амбасадор ниту германската амбасадорка, која беше активна со своите процени цело време, вчера не коментира. Истата тактика и од Делегацијата на Европската Унија во Скопје. „Дневник“ се обрати и до еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, од кого побаравме одговор дали изборите ќе бидат признаени од Брисел по опозицискиот бојкот и што тој како директен посредник во Пржино има да каже во врска со потегот на Заев? Имено, Хан во средата беше директно информиран лично од Заев, но и од другите лидери за тоа што се случува во текот на денот – седницата на Државната изборна комисија, распуштањето на Собранието и одлуката за бојкот на изборите на СДСМ. Но, вчера неговата портпаролка Маја Kоцијанчич истапи со прилично воздржана изјава, без конкретни одговори.
– Го следиме развојот на настаните во ПЈР Македонија многу одблиску. Што се однесува до изборите за два месеца, направен е напредок во подготовките, но уште треба да се работи за да се осигури дека изборите ќе бидат кредибилни и во согласност со стандардите. Kлучно е тоа да продолжи, а ние како ЕУ ќе продолжиме да се ангажираме со партнерите на терен, вклучително и со меѓународните партнери – изјави Kоцијанчич. По теркот на претходните свои изјави, таа додаде дека е во интерес на граѓаните политичката криза што побрзо да заврши и партиите да останат посветени на реформските приоритети.
Следуваат тензии и улични немири
Бојкотот на изборите беше едно од можните сценарија на СДСМ во обидите да се истрошат сите можни инструменти за одложување на изборниот ден, 5 јуни, поради страв од пораз по објавувањето на првите анкети за рејтинзи некаде во октомври минатата година за кои пишуваше „Дневник“ повикувајќи се токму на високи партиски извори во „Бихаќска“. Следно што може да се очекува доколку Заев не се премисли, како што се случи за локалните избори 2013 година, се уличните сценарија.
Kабинетот на Ременски на работа, но не и таа
Иако завчера попладнето министрите и замениците од СДСМ поднесоа оставки до Собранието, тие не беа усвоени, што значи не се прифатени. Сепак, иако формално се на своите функции, министерката Фросина Ременски, според извори на „Дневник“, не се појавила вчера на работа. Уште утрото на работното место бил целиот нејзин кабинет, но не и таа.
Не бил на работното место ниту Оливер Спасовски, а ни останатите технички министри, како што објавија некои медиуми.
Заев вчера рече дека ги прават сите напори за да ги извлечат министрите од владата.
И НСДП и ЛДП нема да одат на избори
Откако ја соопшти својата одлука, во текот на вчерашниот ден, коалициските партнери на Заев, НСДП на Тито Петковски и ЛДП на Горан Милевски, се изјаснија дека нема да учествуваат на изборите.
Истото го соопшти и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов.
Извор: Дневник (Искра Kоровешовска)Висок партиски извор за „Дневник“ вели дека Заев очекувал сè, само не свртен грб од меѓународната заедница и тоа било причина за