Ема Хулс (24) тврди дека на работа во локална телевизија заминала за да ја одработи својата осумчасовна смена, но од таму и кажале: “Би требало да бидеш на модните писти”.Ема тврди дека во Лондон добила отказ во “Сохо ТВ проукција” само затоа што била преубава.
Оваа 24-годишна девојка објаснила дека отказ добила само пет минути откако пристигнала на работа.
– Само што стигнав на работа менаџерот почна да ми објаснува што треба да работам. Ми рече дека сум слободна да си одам, а веднаш потоа ми се јави и ми кажа дека не сум веќе потребна на фирмата. Кога се вратив да видам за што станува збор и да разговарам со мојот шеф, ме дочека прашањето “Дали си ти модел”, “Зошто не работиш на модните писти и не се сликаш за насловни страни”, а потоа ме покани да излеземе на пијалак – раскажала Ема за Мирор.
Од фирмата се изјасниле за инцидентот и објасниле зошто Ема добила отказ.
Сопственикот Адам Лаквил, рекол дека на Ема не и продолжен договорот откако поминал 3-месечен пробен период.
– Не сме задоволни од многу работи поврзани со неa. Пронајдовме и некои работи кои ги прави, а не се во склад со политиката на куќата – објаснил тој.
Ема тврди дека во Лондон добила отказ во “Сохо ТВ проукција” само затоа што била преубава.