Тврди дека немала избор: Исповед на мајка која посвоила, а потоа го вратила детето

-Го посвоив синот првенствено затоа што не го пронајдов вистинскиот маж со кој би основала семејство. Исто така, отсекогаш знаев дека тешко би се носела со дете со потешкотии во развојот, а се испостави дека Том има претходно недијагностицирано оштетување на мозокот поради кое постојано му треба грижа и надзор и тоа не само од едно лице. По некое време, едноставно повеќе не можев да се носам со тоа.Никој не мисли дека откако ќе посвои дете тоа ќе трае само две години, но токму тоа ѝ се случило на Клер Патерсон која посвоила 18-месечно дете и по две години донела очајничка одлука да го врати.
За среќа, ситуациите во кои родителите го враќаат посвоеното дете се многу ретки, а децата што го напуштаат родителскиот дом порано од предвиденото е дури во 3 отсто од случаите. Но, кога нешто такво ќе се случи, тоа е поразително за вклучените во процесот.
„Се чувствуваш како да си го разочарал своето дете на кое си му ветил дом, се чувствуваш виновно и бескрајно си тажен што исчезнале сите твои желби и надежи.“
Исто така, таа додава дека постои огромна стигма која ги следи овие случаи и дека лицето што ќе се најде во ваква ситуација нема со кого да разговара.
Клер посакала да го посвои Том кога имал десет месеци.
„Имаше неодолива насмевка и откако го добив извештајот дека е здрав, не можев да дочекам да го однесам дома.“
На почетокот, неговото заостанување во развојот (не можел да ползи и да се сврти на подот) им го припишувала на настанатите проблеми бидејќи ја скршил ногата кога имал шест месеци. Освен тоа, многу спиел, ретко плачел и долго му требало да прозбори.
Посетила терапевти за говор, психотерапевт и други експерти. Во октомври 2012 година Том го доживеал првиот напад. Докторите рекле дека наскоро би можело да се случи во рок од 24 часа да има и до 36 напади.
Клер воопшто не можела да се посвети на работата бидејќи постојано морала да биде покрај Том. Социјалните работници исто така не ѝ пружиле помош, а документацијата за родителите на малиот Том и неговата здравствена состојба откри податоци кои би ја предомислиле околу посвојувањето.
„Чувствував дека немам избор. Состојбата на Том бараше постојана нега од едуцирани лица. Повеќе луѓе ми рекоа дека сигурно поинаку би размислувала ако Том беше беше мое биолошко дете, но мислам дека немаше. Сакав да им биде јасно дека не го напуштив синот. Му осигурав квалитетна професионална нега која од мене никако не би можел да ја добие.“Никој не мисли дека откако ќе посвои дете тоа ќе трае само две години, но токму тоа ѝ се случило на Клер Патерсон која посвоила 18-месечно дете и п

Пронајдете не на следниве мрежи: