Т’зи пораз рамен на победа

Заев никако да излезе од победничкиот филм. Никако да сфати, и покрај се што направи, декатој и неговата коалиција се изборните губитници, дека тој и неговата СДСМ ги изгубија изборите. Официјално и конечно, потврдено со сите можни институционални и граѓански пемпелиња.Најновото спасителско сценарио коенеколку дена СДСМ го вергла преку своите гласноговорници е дека Заев, всушност, не бил губитник, туку победник на изборите. Победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Подобра Македонија“ со 51 пратеник да ти била семакедонска халуцинација. Ако се цени според партиското соопштение кое стигна до медиумите по средбата на Заев со шведскиот амбасадор, Заев го „победилрежимот со над 612.000 гласови“!?. И тоа не е се. Ако ја следиме до крај логиката на новата мантра на СДСМ, Заев по овие избори може слободно да биде прогласен за нов духовен и политички татко на сите Албанци во земјата, затоа што, според зборовите на партиската прес-служба, сите гласови на Албанците топтан да ти биле дадени за победата на Заев. Ете, ако не сте знаеле.
Деновиве го гледаме „победникот“ Заев како секојдневно кани амбасадори во партискиот штаб, како се митари и додворува небаре е очајна девојка на која и одминале годините за мажење влезена во фазата дај што ќе дадеш само и само да најдам партнер, да не останам немажена. Девојкава (Заев) подготвена да продаде и родна куќа, и имот на родители, и имот на баби и дедовци, и име и презиме, само и само да се мажи. Во психологијата ова е познато како најдолен, најочаен стадиум на личноста. Нема потежок пораз заедна личност кога таа се поразува сама себе, кога се трансформира во крпа за бришење под.
Заев е одамна седнат во погрешен воз,така што секоја станица на која неговиот воз запира за него и за тие околу него е погрешна и е во неповратна насока. Седнат во погрешен воз (сардисување и преименување на Република Македонија)тој продолжува со спроведувањето на погрешната стратегија и терањето погрешна политика. Возот на Заев има за цел да не однесе до последната станица-промена на уставното име на Република Македонија. Токму затоа Заев е сигурен сопственик на гласовите на сите албански партии. Двојазичноста и кантонизацијата на државата се веќе апсолвирани прашања, тие се дадениот збор за армасање на девојката. Сега на ред е мажењето. За да стигне на олтар, Заев треба да се согласи со преименување на Република Македонија. Имајќи предвид со каква леснотија се си даде, и промената на името на државата нема да му претставува никаков проблем.
Но, во неговиот мажачки филм ги заборави 455.000 македонски гласови кои нема да дозволат Заев да се мажи под ниту еден од овие услови. Заев заборави дека и во оние гласови дадени за СДСМ и за останатите партии кои самиот си ги припишува како свој успех, има илјадници и илјадници Македонци кои не се согласуваат со промена навековното име на државата.
Второ, Заев расфрлан на сите страни во подготовката на свадбата заборави убаво да си го прочита членот 90, став 1 од Уставот, каде пишува дека„Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието“.
Мнозинство во Собранието на РМ, односно 51 пратеник има партијата ВМРО-ДПМНЕ заедно со партиите од коалицијата „За подобра Македонија“. Оттаму, претседателот г. Иванов е должен да го даде мандатот за состав на новата Влада на г. Груевски како победник на изборите, односно како мандатар што има мнозинство пратеници во Собранието.
Во Уставот не стои дека мандатарот треба да докаже дека има апсолутно мнозинство од пратениците на своја страна, ниту стои дека ако мандатарот не успее да состави Влада во уставно утврдениот рок дека претседателот на Републиката треба да го додели мандатот на второпласираната партија по бројот на пратеници, филмот на кој се базира свадбата на Заев.
Шарените толкувања на Уставот од страна на Заев, потпомогнати од противуставната пракса која ја воспостави Киро Глигоров во 1992 година, под правното менторство на Фрчковски, не смеат да бидат третирани како уставни одредби, бидејќи тоа не се. Ниту праксата што ја воведе Глигоров е Устав, ниту фантазиите на Заев се уставни. Оттаму, сите комбинаторики што очајната девојка Заев си ги прави со странците за да дојде до премиерската функција се спротивни на Уставот, што секако не е за изненадување ако се види кои лица ги кројат и од каде ги носи ветарот.
Од трите подолгото…галиба така ќе заврши свадбава на Заев. Слично на свадбата на Хилари Клинтон и нејзината победа со над 2.5 милиони гласови разлика во однос на Доналд Трамп.Најновото спасителско сценарио коенеколку дена СДСМ го вергла преку своите гласноговорници е дека Заев, всушност, не бил губитник, туку победник на

Пронајдете не на следниве мрежи: