УАПСЕН БРАТОТ НА ЕСАД РАХИЌ И БЛИЗОК СОРАБОТНИК НА ЗАЕВ: Што пронајде полицијата при претресот?

Братот на Есад Рахиќ, бивш пратеник во Собранието на Р.Македонија од редовите на СДСМ, Сеад Рахиќ вчера а е уапсен во рација на полицијата заедно со уште две лица, под сомнение дека организирал криминал група, која вршела продажба на кокаин на наркозависници од Скопје, но и пошироко.Паковка со дрога и куршуми биле пронајдени кај осомничените кои вчера во голема полициска акција беа приведени во Скопје.Во претресот кај осомничениот за кој дел од медиумите тврдат дека е брат на поранешен пратеник на СДСМ, била пронајдена 1 паковка со прашкаста материја и 50 куршуми со калибар 9 милиметри.
Паковки со прашкаста материја за која се претпоставува дека е кокаин биле пронајдени и кај другите приведени во полициската акција. Според информациите, тие покрај дрогата имале и реденици со куршуми, 25 парчиња со калибар 5,56 милиметри. Во претресот пронајдена е и една кеса во која најверојатно имало марихуана .
Според информации од истрагата, криминалната група, организирана од Сеад Рахиќ, од ноември, лани, до денеска континуирано вршела продажба на кокаин низ цело Скопје, но и надвор од градот, и тоа по цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка, или меѓу зависниците популарно наречена „пакетче“. Полициската истрага засега утврдила осомничените дрогата ја набабувавале од, во моментов, непознато лице од Србија, и тоа во количество меѓу 100 и 200 грама. Македонската полиција интензивно работи на идентификција на српскиот добавувач на осомничените скопски наркодилери.
Сеад Рахиќ, поранешен сопственик на дискотеки и кафулиња низ Скопје, и брат на бившот пратеник на опозицијата во македонското Собрание, Есад Рахиќ. Истрагата на скопските полицајци утврдила дека тој ги ангажирал лицата Дејан М., со прекар „Пенчо“ и Мики З. за да го продаваат кокаинот. По продажбата на дрогата на наркозависници, овие двајца осомничени редовно го известувале Сеат Р. за парите, кои ги заработувале, велат извори во МВР, инволвирани во истрагата.
Според нив, исто така утврдено и дека извесно лице Маријан, со прекар „Мака“, посредувало во вршењето продажба на кокаин. Истрагата на полицијата утврдила дека тој го известувал Сеат Р., кога имало побарување на кокаин од одредени муштерии, ја вршел продажбата, а дел од парите ги задржувал за себе.
Сеад Рахиќ инаку е и близок соработник на Зоран Заев во нелегалните активности координирани со СЈО, каде што впрочем работи и неговата внука, ќерка на Есад, Берниса Рахиќ.
Паковка со дрога и куршуми биле пронајдени кај осомничените кои вчера во голема полициска акција беа приведени во Скопје.Во претресот кај осомничен

Пронајдете не на следниве мрежи: