Уапсен братот на поранешен функционер!

На меѓународниот граничен премин Рача, врз основа на потерница на бањалучката полиција  уапсен е Будимир Булатовиќ, објавија денеска „Независне новине“, пренесува МИА.Тој се товари дека како извршен координатор на Европската ексертска група (ЕЕГ) ја оштетил Градската управа на Бања Лука за околу 200 илјади евра.
Будимир Булатовиќ е брат на Момир Булатовиќ поранешен функционер во Црна Гора и во поранешна Југославија.
ЕЕГ со градот Бања Лука во 2007 година потпишал договор за соработка, според кој, требало да помогне при аплицирањето кон европските фондови за четири проекти, во вкупна вредност од 19 милиони евра.
Според договорот, градот на ЕЕГ требало да уплати вкупно 760.000 евра, од кои му се исплатени 200.000 евра. Со истрагата е утврдено дека фамозниот ЕЕГ не постои, односно дека се работи за деловна измама.
Булатовиќ ја измамил и фирмата „Celex“, така што со фалсификувани исправи присвоил околу 87 илјади евра, а ЕЕГ ги измамил и „Интеграл инженеринг“, М:тел и Рафинеријата за нафта во Брод.
Сите измами се извршени така што обично на предлог на некој високопозициониран функционер од РС Булатовиќ доаѓал на разговор со директорот или раководителот на институцијата и им нудел соработка и помош при привлекувањето пари од европските фондови.
Во договорите за соработка обично биле дефинирани и начините на плаќање и обврските на фирмата или институцијата кон ЕЕГ, а за да бидат што поубедливи, во договорот наведувале дека фирмата или институцијата е должна да плати два отсто од вкупната вредност на проектот после добиеното известување од Европската комисија дека проектот им е одобрен.
Исто така, ЕЕГ со договорот се обврзува дека во Еврокомисијата ќе уплати котизација, а потоа таа „совршено фалсификувана, или дури и оригинална“ уплатница од германска банка ја испраќаат до фирмата или институцијата како доказ дека во нивно име извршиле уплата.
ЕЕГ ги фалсификувало и известувањата од Еврокомисијата дека им се одобрени средствата за кои аплицирале, по што им биле праќани на партнерите, барајќи да им бидат исплатени договорените два отсто.
Известувањето во сите случаи стасувало на фалсификуван меморандум со печат на Европската комисија и потпис на Николаус ван дер Хун, за кого подоцна се утврди дека воопшто не постои.Тој се товари дека како извршен координатор на Европската ексертска група (ЕЕГ) ја оштетил Градската управа на Бања Лука за околу 200 илјади евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: