Сѐ започнало во Охајо, каде што Фрешвотерс се изјаснил дека е виновен за убиство во автомобилска несреќа во 1957 година. Тој, најпрво бил осуден на условна казна, но во 1959 година, казната му била изменета во затворска казна со времетраење од 20 години затоа што ја прекршил условната казна.Бегалецот, кого полицијата го бара повеќе од половина веќ, пронајден е жив во колиба на Флорида. Неговата приказна го инспирираше Стивен Кинг да ја напише книгата „Бекството од Шошенк“, врз основа на која е снимен и истоимениот филм.
Френк Фрешвотерс (79), во 1959 година бил осуден на 20 години затвор поради убиство. Седум месеци подоцна избегал од затворот.
Полицијата соопштила дека го пронашла 79-годишниот бегалец, кој го користел името Вилијамс Кокс, откако доби пријава дека живее во Мелбурн.
„Му пријдовме, му покажавме фотографија од 1959 година и го прашавме дали го видел човекот некогаш. Одговори дека долго не го видел“, ја опишал средбата со бегалецот, мајор Тод Гудјир од локалната полиција.
Френк Фрешвотерс од 1959 година живеел под бројни лажни имиња и не се доведувал во ситуација да дојде во контакт со полицијата. Тој дури добивал и социјална помош.
Филмот кој се базира според неговата приказна е снимен во 1993 година, во поранешниот затвор изграден 1886 година и затворен 1990. Требало да биде уништен, но бидејќи таму е снимен култниот филм, затворот стана туристичка атракција, која годишно ја посетуваат преку 80.000 луѓе.Бегалецот, кого полицијата го бара повеќе од половина веќ, пронајден е жив во колиба на Флорида. Неговата приказна го инспирираше Стивен Кинг да ја


