Про-ирскиот политичар Гери Адамс, важи за архитект на мировната спогодба на британската провинција Северна Ирска. На овој 65-годишен човек сега му стигнуваат сметките од милитантското минато.Шефот на националистичката партија Шин фејн од Северна Ирска, е уапсен во Белфаст поради сомнеж дека е вмешан во убиство од 1972 година. Пред влегувањето во зградата на полицијата, Адамс изјави дека доброволно дошол на сослушување и дека обвиненијата кои што се покренати против него се неосновани.
Убиство на мајка и нејзините десет деца
Полицијата го обвини Адамс дека е одговорен за убиството на Џин Меконвил, мајка на десет деца, која тогаш имала 37 години. Постои сомнеж дека е киднапирана и убиена од страна на Ирската Републиканска Армија – ИРА. Нејзиното тело беше пронајдено дури во 2003 година, на плажата во округот Лауд.
Адамс тогаш бил водечки член на ИРА – организација која веќе три декади вооружено се борела за осамостојување на Северна Ирска од Велика Британија и нејзино приклучување кон католичката Република Ирска.
Адамс тврди дека е невин
Според соопштението на Шин фејн, Адамс ја известил полицијата уште пред месец дена дека е подготвен да сведочи за случајот Меконвил. Адамс ја негира вмешаноста во тој случај.
„Невин сум во секој поглед: кога станува збор за киднапирањето, убиството и погребувањето на госпоѓа Меконвил“, нагласи северноирскиот политичар. Шефот на националистичката партија Шин фејн од Северна Ирска, е уапсен во Белфаст поради сомнеж дека е вмешан во убиство од 1972 година. Пред влегу